Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

9 мај 2026

Украински суд ѝ го врати пасошот на Јулија Тимошенко

9 мај 2026

Уапсен е 79 годишен скопјанец – допирал по телото малолетна сосетка

9 мај 2026

СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа

8 мај 2026

Вo Тирана се одржа осмиот антивладин протест, не изостанаа судири со полицијата, молотови коктели, водени топови

8 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 9
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Вo Тирана се одржа осмиот антивладин протест, не изостанаа судири со полицијата, молотови коктели, водени топови

Press OnlineBy Press Online8 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Албанската опозиција, предводена од Демократската партија (ДП) пред владата во Тирана, вечерва го одржа осмиот по ред антивладин протест, за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана.

Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го  најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада.

Учесниците потоа продолжија кон Министерството за внатрешни работи, кога почнаа да фрлаат молотови коктели кон полицијата и цистерните со вода,  по што полицијата употреби водени топови и солзавец.

Имаше повеќе судири со полицијата, обиди за пробивање на полицискиот кордон, по што пристигнаа дополнителни полициски сили.

Лидерот на демократите Сали Бериша, присуствуваше на протестот, но не се обрати.

Претходно за медиумите изјави дека „Нашата изјава дека сме на последниот километар, ја означува нашата обврска да го поминеме овој километар, по секоја цена и услови, до победа”.

 – Овој нарко режим мора да си оди. Тие се крадци кои апсолутно никогаш не сакаат интеграција, туку сакаат да крадат и да се збогатат крадејќи јавни средства и средства на Албанците. Затоа, протестите се најмоќниот глас на достоинствените Албанци, на Албанците кои не се согласуваат со оваа ситуација,  рече Бериша.

Извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, според Бериша, јасно ги отсликувал вистинските рани на Албанија, корупција, изборна фарса, заробена држава и контрола врз медиумите. 

Протестот почна со едноминутно молчење во знак на почит на двете деца кои ги усмрти пијан возач во Драч, за што ја обвинија владата и полицијата.

За безбедноста беше најавено дека се ангажирани над 1500 припадници на МВР, но по тензичната ситуација беа ангажирани дополнителни сили.

Поврзани содржини

Патролa на ЕУФОР од македонски и турски војници спасила двајца патници од потопено возило кај Тузла

8 мај 2026

Бугарски министер на гласањето за нова влада со бели и една црна овца на вратоврската

8 мај 2026

Румен Радев е новиот премиер на Бугарија

8 мај 2026
НАЈНОВО

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

9 мај 2026

Украински суд ѝ го врати пасошот на Јулија Тимошенко

9 мај 2026

Уапсен е 79 годишен скопјанец – допирал по телото малолетна сосетка

9 мај 2026

СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа

8 мај 2026

Вo Тирана се одржа осмиот антивладин протест, не изостанаа судири со полицијата, молотови коктели, водени топови

8 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.