Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Денот на победата на Русија – голем дебакл за Путин

8 мај 2026

Надежда Михајлова посака „силно бугарско лидерство“ од новата шефица на дипломатијата

8 мај 2026

Адеми со остра реакција до Костадиновски: „Рацете подалеку од албанскиот јазик“

8 мај 2026

Анализа: Недостасуваат седум милиони евра за СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, психосоцијална поддршка, 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош

8 мај 2026

Мистериозен поморски дрон пронајден во близина на Лефкада

8 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 8
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Захариев: Можен недостиг на шприцеви, ракавици и контрастни средства во штипската болница, поради кризата во Иран

Press OnlineBy Press Online8 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со недостиг на шприцеви, ракавици и материјали за снимање – може да се соочат и македонските болници поради конфликот на Блискиот Исток. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека проблем има со набавките, а најкритично е со контрастните средства за компјутерска томографија и магнетна резонанца. Посочува дека залихите се на долна граница, односно имаат материјали за еден до два месеци. Се очекува кризата да се надмине во наредните еден до два месеци, во спротивно ќе се прави реорганизација.



– Тоа не е некој дефецит по болниците, туку ќе биде дефецит на светско ниво, за сметка на помалото производство на тие продукти што ни требаат на нас. Во моментот проблем очекуван што би можеле да го имаме е проблемот со контрастот. Тоа се контрасните средства за снимање на компјутерска и магнетна резонанца, значи тука залихите ни се на долна граница, но според добавувачите и тие немаат залиха, бидејќи и самиот производител не работи со тој капацитет што е работел порано. Сите болници имаат некоја залиха, и ние имаме залиха за месец-два и се надеваме таа криза да се надмине, во спортивно ќе правиме некоја реорганизација по другите болници каде што има залихи, а не ги користат – изјави Захариев.

Директорот на Клиничка болница Штип, Захариев, апелира до матичните лекари и специјалистите да се одложат контролните упати за снимања со контраст на компјутерската томографија и магнетната резонанца. Тој вели дека проблемот со контрастните средства е на светско ниво, но очекува нови количини да пристигнат околу 21 мај.

– Би апелирал до матичните лекари и специјалистите, од тие непотребни упати ако може да се пролонгира за контрастот. Неофицијално со добавувачот што во Македонија се надеваме дека 21 мај да добие, тоа му е и нему ветено од фирмата производител на контрастот што е на светско ниво – рече Захраиев.

Посочува дека болницата за итни случаи има контрастен материјал за компјутерскиот томограф и магнетната резонанца.

Захариев за дефектот со мамографот во штипска Клиничка болница вели дека потребниот дел е најден во Хрватска и се очекува да пристигне за апаратот повторно да биде ставен во функција. Наместо да се чека набавка на нов апарат, што би траело со месеци, засега ќе се поправа постојниот за пациентите да не чекаат подолго. Во меѓувреме е почната и постапката за сервисирање на ренген апаратот. Додека траат поправките, пациентите за ренген снимања ќе се упатуваат во Радовиш, Свети Николе и Кочани.

-Мамографот за жал неколку месеци не работи, веќе сите знаете. Што е целта? Целта е што побргу да го направиме. Мамографот си ги има своите години и тоа беше дилемата што разговаравме, значи самиот сервисер што е, кажа дека нема делови што може да се набават. Сега во дилемата и нов или да се поправи стариот, во консултација со сервисерите, тој дел што фали, преку нивни мрежи е најдено дека тој дел го има во Хрватска и тие сега чекаат да се достави до нас, за да го направиме стариот. Зошто го правиме стариот? Во интерес на времето за пациентите да не чекаат, бидејќи нов како нов апарат е процедура за јавна набавка што се одвива месец, два, па и три ако има жалби и така да сега ако почнеме ние нов, не би било благодарно уште три месеци да чекаме апарат-рече Захариев.

 

Како алтернатива за пациентите во КБ Штип, директорот Владко Захариев вели дека додека ренген апаратот е во дефект, во болницата се користи помал, подвижен ренген апарат. Тој појаснува дека тој е наменет за хоспитализирани пациенти, но има ограничен капацитет во споредба со главниот апарат.

 

-Рентген апаратот за жал пред неколку денови е вонфункција, процедурата направена дефектажа, процедурата е отпочната. Сега на Управен одбор треба да направиме ребаланс, а средствата да ги пренамениме и со фирмата што го сервисира се договоривме, ќе гледаме во најкус можен рок што може да направиме, сега за жал тие апарати се големи и тоа сервисирање не може да се одвива за ден- два- изјави Захариев.

Тој додава дека мамографот очекува за десет дена да биде ставен во функција.



Поврзани содржини

Адеми со остра реакција до Костадиновски: „Рацете подалеку од албанскиот јазик“

8 мај 2026

Анализа: Недостасуваат седум милиони евра за СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, психосоцијална поддршка, 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош

8 мај 2026

Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола

8 мај 2026
НАЈНОВО

Денот на победата на Русија – голем дебакл за Путин

8 мај 2026

Надежда Михајлова посака „силно бугарско лидерство“ од новата шефица на дипломатијата

8 мај 2026

Адеми со остра реакција до Костадиновски: „Рацете подалеку од албанскиот јазик“

8 мај 2026

Анализа: Недостасуваат седум милиони евра за СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, психосоцијална поддршка, 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош

8 мај 2026

Мистериозен поморски дрон пронајден во близина на Лефкада

8 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.