Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Анализа: Недостасуваат седум милиони евра за СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, психосоцијална поддршка, 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош

8 мај 2026

Мистериозен поморски дрон пронајден во близина на Лефкада

8 мај 2026

Пожар во Чернобил: 1.100 хектари шума изгореа по пад на дрон

8 мај 2026

Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола

8 мај 2026

Бугарија го закочи и Сан Марино на патот кон ЕУ

8 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 8
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола

Press OnlineBy Press Online8 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Жичницата на Водно нема да биде пуштена во сообраќај во текот на летото, бидејќи проверките покажале сериозни оштетувања и ризик од откачување на гондола, изјави за СДК градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.



Според него, иако жичницата е во употреба 15 години, досега не бил направен сервис од производителот „Допелмаер“. По увидот на тим од австриската компанија, градските власти одлучиле таа да остане затворена.

Жичницата беше затворена на 25 април, а од ЈСП „Скопје“, кое стопанисува со неа, првично беше најавено дека нема да работи два дена. Сепак, по извршените проверки, одлучено е да не се пушта повторно во сообраќај.

„Побарав да дојдат претставници на ‘Допелмаер’, по што беше утврдено дека не бил направен сервис. Биле барани понуди од фирмата, но за џабе. Ниту еднаш не бил склучен договор за целосно сервисирање. Увидот покажа дека гумичките биле изедени и поради тоа доаѓало до триење на гондолите. Исто така не работеле и неколку сензори. Поради овие причини можело да се случи да се откачи гондола“, вели Ѓорѓиевски.

ЈСП „Скопје“ во моментов чека понуда од австриската фирма за тоа колку би чинело сервисирањето.

„Колку точно ќе трае сервисирање не можеме да кажеме, чекаме да ја добиеме понудата од ‘Допелмаер’, но сигурно е дека летово нема да работи“, додава Ѓорѓиевски



Поврзани содржини

Анализа: Недостасуваат седум милиони евра за СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, психосоцијална поддршка, 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош

8 мај 2026

Јакимовски: Овластувањето не ја брише одговорноста

8 мај 2026

Захариев: Можен недостиг на шприцеви, ракавици и контрастни средства во штипската болница, поради кризата во Иран

8 мај 2026
НАЈНОВО

Анализа: Недостасуваат седум милиони евра за СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, психосоцијална поддршка, 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош

8 мај 2026

Мистериозен поморски дрон пронајден во близина на Лефкада

8 мај 2026

Пожар во Чернобил: 1.100 хектари шума изгореа по пад на дрон

8 мај 2026

Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола

8 мај 2026

Бугарија го закочи и Сан Марино на патот кон ЕУ

8 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.