Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Полицијата постапува по пријавите за ученикот од Битола кој наводно се заканувал, повикан е родител

8 мај 2026

Вулкан еруптира во Индонезија, загинаа тројца алпинисти – во тек е потрагата по другите 

8 мај 2026

Грција ја разгледува можноста за набавка на транспортни авиони Ц-390 од Португалија

8 мај 2026

(ВИДЕО) Кузеска: Економијата тоне – инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

8 мај 2026

Се побезначајна улогата на првиот дипломат на САД во дипломатијата

8 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 8
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Кузеска: Економијата тоне – инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Press OnlineBy Press Online8 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со шефот на криминалната група, политичкиот дилетант Христијан Мицкоски економијата оди надолу, граѓаните имаат празни фрижидери, празни џебови и сè потежок живот, кажа Богданка Кузеска-портпаролка и членка на ИО на СДСМ на прес-конференција.



Додека Мицкоски продава бајки дека Македонија е „трета економија“ во Европа, последните податоци на Статистика покажуваат зголемена инфлација од 5,7% во споредба со истиот месец лани.

Тоа е речиси двојно повисока инфлација од еврозоната, каде инфлацијата во април изнесува 3%.

Најголем удар трпат граѓаните преку поскапата храна. Трошоците за храна се зголемени за 8%. Сè е поскапено, народот едвај врзува крај со крај.

Синдикалната потрошувачка кошничка во април достигна речиси 69.000 денари, а граѓаните имаат сè помалку пари и сè потешко преживуваат од месец во месец.

ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го укинат ДДВ на храната, одбија да го намалат ДДВ на горивата на 5%, одбија да ги намалат цените на патарините и одбија да воведат било какви мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Одбија и да ја зголемат минималната плата на 600 евра.

Нема помош за ранливите категории, нема помош за пензионерите, студентите, земјоделците, нема антикризни мерки. Граѓаните се оставени сами во криза.

Дополнително, владата на Мицкоски доцни со исплатите за социјално и здравствено затоа што нема пари во буџетот.

Последните податоци покажуваат дека стапката на сиромаштија во првата година од владата на ВМРО изнесува 21,9%. Тоа значи дека секој петти граѓанин живее под прагот на сиромаштија.

Состојбата е уште поалармантна кај многучлените семејства каде 54,8% живеат во сиромаштија, кај самохраните родители 45,8%, а кај децата и младите до 17 години стапката на сиромаштија изнесува 29,5%.

Ова се поразителни податоци и директна последица на неспособната и дилетантска власт на шефот мафијата, Христијан Мицкоски.

За две години Мицкоски ги задолжи граѓаните за нови 2,3 милијарди евра. Каде се парите? Па во криминални тендери, нема пари за граѓаните има за богатење на криминалната банда на ВМРО-ОКГ.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!



Поврзани содржини

Полицијата постапува по пријавите за ученикот од Битола кој наводно се заканувал, повикан е родител

8 мај 2026

Филипче до Мицкоски: Никој нема право да го блокира стратешкиот пат на граѓаните зацртан уште од независноста

8 мај 2026

Филипче на X: СДСМ му честита на Радев, со почитување на нашиот идентитет и на европските принципи, можеме да ги надминеме сите отворени прашања

8 мај 2026
НАЈНОВО

Полицијата постапува по пријавите за ученикот од Битола кој наводно се заканувал, повикан е родител

8 мај 2026

Вулкан еруптира во Индонезија, загинаа тројца алпинисти – во тек е потрагата по другите 

8 мај 2026

Грција ја разгледува можноста за набавка на транспортни авиони Ц-390 од Португалија

8 мај 2026

(ВИДЕО) Кузеска: Економијата тоне – инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

8 мај 2026

Се побезначајна улогата на првиот дипломат на САД во дипломатијата

8 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.