Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Градоначалникот на Карпош Лукровски напишал оставка, ВМРО-ДПМНЕ притиска да ја повлече

8 мај 2026

Америка ги објави првите тајни документи за НЛО

8 мај 2026

Румен Радев е новиот премиер на Бугарија

8 мај 2026

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем

8 мај 2026

Денот на победата на Русија – голем дебакл за Путин

8 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 8
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем

Press OnlineBy Press Online8 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици. Производството од фотоволтаици е променливо и непредвидливо, пред сѐ затоа што зависи од временските услови и од нивното управување од човечки фактор. Наместо да се направи адаптација на системот, институциите дозволија да се приклучуваат сѐ повеќе и повеќе нови капацитети без соодветно планирање со што ја доведуваат во прашање стабилноста на електроенергетскиот систем, соопштија денеска од Левица.



Од партијата велат „дополнително, постоечкиот двотарифен систем за домаќинствата е застарен и финансиски штетен за ЕЛЕМ. Денес имаме намалена потрошувачка на електрична енергија во текот на денот наместо навечер, како што беше во минатото кога овој систем е воведен. Во случај на сончеви денови операторот се соочува со апсурдни ситуации затоа што се јавува потреба фотоволтаици во текот на денот да се исклучат од електричната мрежа или операторот мора да ги плати од буџетот на потрошувачите за да се компензира регулацијата на нивната произведена енергија. Од друга страна државните производители неусогласено доплнително инјектираат електрична енергија која нема кој да ја потроши. Ова предизвикува пренапони и непредвидено оптоварување на преносната опрема, создава можности за дефекти и испади на електроенергетскиот систем. Исклучувањето на фотоволтаичните централи од мрежа не го решава проблемот, бидејќи производството не е оптимизирано“.
Ваквото неодговорно управување со енергетскиот систем ќе ја загрози енергетската стабилност на државата. За да се обезбеди стабилно функционирање на електроенергетскиот систем предлагаме:

• Итна набавка на батериски системи за складирање на вишокот произведена електрична енергија како краткорочно решение;

• Започнување на градба на државна реверзибилната хидроцентрала Чебрен со што на долг рок би се решил проблемот со вишокот на електрична енергија;

• Воведување на повеќетарифен систем (зимски и летен со повеќе часовни блокови како и сончева тарифа) за усогласување на производството со побарувачката;

• Гасификација на ТЕЦ Неготино, со ова би се овозможила поголема флексибилност на системот и конечно ставање во функција на овој енергетски капацитет кој денес единствено служи како место за партиски вработувања и

• Реорганизација на ЕЛЕМ и поставување на стручни раководни лица во делот на оптимизација на микс на производството со цел да се воведе ред и фирмата да почне да прави профит наместо да тоне во долгови“ е ставот на Левица.



Поврзани содржини

Градоначалникот на Карпош Лукровски напишал оставка, ВМРО-ДПМНЕ притиска да ја повлече

8 мај 2026

Адеми со остра реакција до Костадиновски: „Рацете подалеку од албанскиот јазик“

8 мај 2026

Анализа: Недостасуваат седум милиони евра за СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, психосоцијална поддршка, 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош

8 мај 2026
НАЈНОВО

Градоначалникот на Карпош Лукровски напишал оставка, ВМРО-ДПМНЕ притиска да ја повлече

8 мај 2026

Америка ги објави првите тајни документи за НЛО

8 мај 2026

Румен Радев е новиот премиер на Бугарија

8 мај 2026

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем

8 мај 2026

Денот на победата на Русија – голем дебакл за Путин

8 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.