Венко Филипче преку објава на социјалната мрежа X му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Бугарија и изрази надеж дека новата бугарска влада ќе има конструктивен пристап кон Македонија.

Во објавата се наведува дека добрососедските односи треба да се градат во интерес на граѓаните на двете држави, без загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура.
Од СДСМ потенцираат дека државата останува цврсто определена кон европската интеграција и дека членството во Европска Унија е единствениот пат за иднината на земјата.
Во реакцијата се упатуваат и критики кон Христијан Мицкоски, за кого од СДСМ тврдат дека создава вештачки конфликти со соседите и го блокира европскиот процес на државата.
„Веруваме дека преку конструктивен дијалог, без прекршување на црвените линии и со почитување на нашиот национален идентитет и европските принципи, можеме да ги надминеме сите отворени прашања“, наведува Филипче
Во објавата се додава дека добрососедските односи се клучни за заеднички живот во европското семејство и за подобар животен стандард на граѓаните.

