Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Петер Маѓар положи заклетва како нов премиер на Унгарија

9 мај 2026

Битолчанец фатен како краде нафта среде ноќ

9 мај 2026

Филипче до Мицкоски: Одбиваме обединување за неспроведуваање на уставните измени

9 мај 2026

Авион во САД при полетување удри и уби човек на пистата

9 мај 2026

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до податоците на сите професори

9 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 9
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче до Мицкоски: Одбиваме обединување за неспроведуваање на уставните измени

Press OnlineBy Press Online9 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Што за премиерот е обединување? Да му дадеме поддршка за неспроведувањето на уставните измени? Тоа нема да се случи – изјави лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, откако претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски во својот говор по повод Денот на победата и Денот на Европа, повика на единство и обединување бидејќи само така, како што рече, може да се дојде до трајни решенија.

 

 

Венко Филипче, претседател на СДСМ / Фото: СДСМ

„Премиерот вели дека е потребно обединување, но кажува ли за што да се обединиме? Што е за него обединувањето? Да му дадеме поддршка да не ги прави уставните измени за да може да продолжат да крадат? Тоа нема да се случи. Се поставува прашањето зошто не сака да го направи чекорот што сите знаат дека треба да го направи и што никако не го загрозува нашиот идентитет, култура или што било, а кој премиерот го претставува како предавство, а тоа се уставните измени. За какво обединување станува збор?“,изјави Филипче по одбележувањето на Денот на Европа и Денот на победата

Лидерот на СДСМ ги отфрли обвинувањата дека тие како опозициска партија се против реформите.

 

„Како сме ние против реформски закони кога лани бев на состанок кај премиерот и понудив заедничка работа како никогаш досега во политичката пракса во државата. Ниеден закон не се донесе во 2025 година, само еден и тоа не по препораките на ЕУ. Така што, тоа што кажува премиерот е само изговор затоа што се знае што треба да се направи за да се почне со преговорите, а тоа се уставните измени“,вели Филипче.

Тој ја обвини власта дека користела лажна кампања во предизборието и најавувала поништуваање на Преспанскиот и Договорот за добрососедство оти наводно биле предавнички, но тоа не го сторила. Според него, власта не сака да оди по патот кон Европа затоа што се плаши од европска контрола на системот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот на Европа порача дека Европската Унија останува наша определба, но дека нема да дозволи пазарење со идентитетот.



Поврзани содржини

Битолчанец фатен како краде нафта среде ноќ

9 мај 2026

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до податоците на сите професори

9 мај 2026

МВР: Одземен автобус на автопатот Велес-Скопје кој превезувал ученици од екскурзија, даден на вонреден технички преглед, учениците безбедно пренесени во Скопје

9 мај 2026
НАЈНОВО

Петер Маѓар положи заклетва како нов премиер на Унгарија

9 мај 2026

Битолчанец фатен како краде нафта среде ноќ

9 мај 2026

Филипче до Мицкоски: Одбиваме обединување за неспроведуваање на уставните измени

9 мај 2026

Авион во САД при полетување удри и уби човек на пистата

9 мај 2026

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до податоците на сите професори

9 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.