Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето

10 мај 2026

Апасиев повторно во Москва за 9 Мај: „Еднаш победивме фашисти, ќе победиме пак“

10 мај 2026

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

9 мај 2026

Путин: Војната во Украина се ближи кон крајот

9 мај 2026

Љутков, колегите ќе те паметат дека ја уби културата, порачаа културните работници од протест

9 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

На судењата за Пулс гледаме пеплосани тела и коски, жртвите можеа да бидат спасени ако полицијата ја стопираше забавата, рече таткото на Надица

Press OnlineBy Press Online9 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Не нѐ замолкнаа, ние остануваме да се бориме до крај за вистинската правда“ и „Престанете да вршите тортура врз нашите семејства“ – со вакви пораки семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ денеска повторно маршираа низ Кочани на „Маршот на ангелите“.



Мајки, татковци, браќа, сестри, роднини, со сликите од загинатите роднини порачаа дека нема да отстапат од барањето за правда, а истовремено, реагираа за условните казни изречени за полицајците кои правеле проверки во „Пулс“, констатирале прекршоци, а казните ги пишувале на неактивна фирма.

Во име на родителите се обрати Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова, кој одржа говор за трагедијата во која животот го загубија 63 млади лица, а повеќе од 200 беа повредени.

„63 млади животи, затрупавте во црната земја. 223 повредени, цел еден град уништен, деца без уши, прсти, им фалат мускули на рацете, со тела кои ќе ги носат последиците од овој пекол“, рече Наунов.

Тој посочи дека семејствата секојдневно повторно ја преживуваат трагедијата.

„На судењата гледаме пеплосани тела, коски и сцени кои луѓето ги гледаат само во хорор филмови. А ние тоа не го гледаме на екран, туку го живееме секој ден“, додаде тој.

Наунов директно ја посочи одговорноста кај институциите и полицијата.

„Толку ли беше тешко таа вечер полицијата да каже: ‘Пали светло, гаси музика’. Само тие неколку зборови ќе го спасеа Кочани. 63 деца ќе беа живи, во своите соби, ќе нѐ радуваа нас родителите“, рече тој.

Според него, интересите и профитот биле ставени пред човечките животи.

„Но за тие проклети маси, резервации, пари, интереси решиле да молчат, бидејќи наредниот викенд ќе требало да ги платат пијачките“, рече Наунов.

Тој порача дека семејствата не гледаат правда во досегашните судски одлуки.

„Не може да зборувате за правда, а да делите условни казни за трагедијата со 63 згаснати животи“, истакна тој.

Говорот го заврши со порака до институциите и носителите на функции.

„Ние сме на улица затоа што правдата ја претворивте во неправда. Запамтете, ниту една функција не трае вечно, ниту една власт не е вечна, но срамот од предадената правда останува засекогаш“, порача Наунов.



Поврзани содржини

Апасиев повторно во Москва за 9 Мај: „Еднаш победивме фашисти, ќе победиме пак“

10 мај 2026

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

9 мај 2026

Љутков, колегите ќе те паметат дека ја уби културата, порачаа културните работници од протест

9 мај 2026
НАЈНОВО

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето

10 мај 2026

Апасиев повторно во Москва за 9 Мај: „Еднаш победивме фашисти, ќе победиме пак“

10 мај 2026

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

9 мај 2026

Путин: Војната во Украина се ближи кон крајот

9 мај 2026

Љутков, колегите ќе те паметат дека ја уби културата, порачаа културните работници од протест

9 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.