
Две лица биле повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 9 мај 2026 година во 12:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Аугуст Цезарец“, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 51-годишниот Д. И. од Скопје, удрило во двајца пешаци.
Во несреќата тешки телесни повреди добила 57-годишната Ф. С. од Скопје, додека 27-годишниот А. Т. се здобил со телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, објави Скопје1.мк.

