Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Летонскиот министер за одбрана поднесе оставка откако два украински дрона погодија складиште за нафта

10 мај 2026

Скандал со додатоците во градинките: Стеваноски го обвини Јаким Неделков за дискриминација на вработените

10 мај 2026

Од кога се скараа со Лимани, Влен неговото место во Владата ќе го пополни со новиот член Шкодран Алили

10 мај 2026

Берлин: Шредер е неприфатлив, но Штајнмаер би можел да биде медијатор за Украина

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Од кога се скараа со Лимани, Влен неговото место во Владата ќе го пополни со новиот член Шкодран Алили

Press OnlineBy Press Online10 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Независниот кандидат за градоначалник на Кичево на ланските локални избори, адвокатот Шкодран Алили, присуствуваше на вчерашниот Конгрес за обединување на ВЛЕН, на кој за копретседатели на новата партија беа избрани Изет Меџити и Биљал Касами.

Како што забележаа дел од медиумите на албански јазик, Алили пристигна во Филхармонија и постојано беше во друштво на пратеникот на ВЛЕН Аднан Азизи, кој пред обединувањето на ВЛЕН беше дел од Беса на Касами.

Како што објави „Тетова Сот“, токму вчера, на денот на одржување на конгресот за трансформација на коалицијата ВЛЕН во единствена политичка партија, Алили се приклучил кон ВЛЕН.

Според „Ина“, пак, овој развој на настаните претставува важен потег на локалната политичка сцена, бидејќи Алили го изградил својот политички профил надвор од традиционалните партии.

„Се очекува неговото вклучување во ВЛЕН да ја зајакне коалицијата во Кичево и да донесе нова политичка конфигурација пред претстојните изборни процеси во Кичево“, пишува порталот.

Инаку, јавното поврзување на Алили со ВЛЕН се случува во период кога оваа коалиција, т.е. партија целосно се разиде со се уште актулниот министер за социјала, демографија и млади Фатмир Лимани, кој исто така доаѓа од Кичево, каде традиционално силен е ДУИ поради локалното влијание на партискиот лидер Али Ахмети.

За потсетување, Лимани е роднина на Ахмети, но долги години изразуваше незадоволство и упатуваше критики и обвинувања кон него и кон партијата, како и кон долгогодишниот градоначалник на Кичево од ДУИ Фатмир Дехари, кој по политичките промени заработи повеќе кривични пријави.

Во такви услови, Лимани на локалните избори во 2021 година се кандидираше за градоначалник на Кичево како независен кандидат и освои респектабилен број на гласови, по што стана потпретседател на тогаш опозициската БЕСА.

Кога оваа партија се здружи со Демократското движење, Алтернатива и други партии и групации во ВЛЕН, Лимани автоматски стана дел и од ВЛЕН, која по последните парламентарни избори стана дел и од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамки на оваа Влада, Лимани беше избран за министер, ама набргу дојде до конфликт меѓу него, сопартијците и лидерот Касами, кој отворено побара негова смена од министерската функција.

Иако првично премиерот Христијан Мицкоски му изразуваше доверба и му даваше поддршка на Лимани, посочувајќи дека тој е додадена вредност во Владата (двајцата своевремено беа дел од менаџментот на АД ЕСМ), последно порача дека тој е внатрешна работа на ВЛЕН.

–Тоа ќе треба да го прашате раководството на ВЛЕН, кое претпоставувам и понатаму ќе биде дел од Владата и наш стратешки партнер  – рече Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали Лимани ќе биде опфатен со претстојната реконструкција.

Пред само неколку дена, Лимани и Мицкоски заедно се појавија на настан поврзан со демографијата, при што двајцата срдечно се поздравија, така што може да се претпостави дека ако Лимани се врати или доближи до ДУИ, тој ќе стане силен лобист за обновување на некогашното партнерство меѓу ВМРО и ДУИ.

Дека има затоплување на односите меѓу Лимани и Ахмети, потврди нивното заедничко присуство на ифтарска вечер во Тирана во организација на албанскиот премиер Еди Рама, кој, за потсетување, имаше клучна улога во преминувањето на Арбен Таравари од ВЛЕН во коалицијата на ДУИ.

– Додека некои се обидуваат да создадат вештачки дилеми од фотографија од ифтар, јас се соочувам со друга реалност: отворен и исклучив напад врз мене, токму од оние со кои заедно изградивме политички проект – рече тогаш Лимани.

Претходно, во изјава за „Фокус“ тој упати порака до, како што рече, индивидуалци од раководството на ВЛЕН дека ако почнат „игри со лактови“ ќе ги снајде полоша судбина од онаа на ДУИ.

–Не би сакал индивидуалци кои се дел од раководството на ВЛЕН да почнат игри со лактови, бидејќи ќе ги снајде полошо од ДУИ, во времето кога почнаа да се самобендисуваат. Јас не сум за да и се врати насмевката на сегашната опозиција, но ако некој го посакува тоа, тогаш и ќе се постигне – ни изјави неодамна Лимани..

Покрај Лимани, од ВЛЕН отпадна и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој веќе извесно време не се појавува на работа во Владата, но, како што порачаа Мицкоски и Меџити, можно е тој да стане специјален пратеник во Брисел.

извор фокус.мк

Поврзани содржини

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Скандал со додатоците во градинките: Стеваноски го обвини Јаким Неделков за дискриминација на вработените

10 мај 2026

Со камери ќе се фаќаат и фрлачите на ѓубре во Штип

10 мај 2026
НАЈНОВО

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Летонскиот министер за одбрана поднесе оставка откако два украински дрона погодија складиште за нафта

10 мај 2026

Скандал со додатоците во градинките: Стеваноски го обвини Јаким Неделков за дискриминација на вработените

10 мај 2026

Од кога се скараа со Лимани, Влен неговото место во Владата ќе го пополни со новиот член Шкодран Алили

10 мај 2026

Берлин: Шредер е неприфатлив, но Штајнмаер би можел да биде медијатор за Украина

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.