Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Таткото на Вања ја напушти судницата: „Како заложник, немам што да додадам“

11 мај 2026

Амбасадорката на Трамп во Грција е клучна фигура за енергетската стратегија на САД на Балканот

11 мај 2026

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Кристијан Шмит поднесе оставка од функцијата висок претставник во БиХ

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кристијан Шмит вчера потврди дека поднел оставка од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина, а претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), владејачката партија во Република Српска (РС), Милорад Додик, кој беше во постојан конфликт со него, рече дека неговата оставка е потврда дека РС е неуништлива.

Германскиот дипломат поднесе оставка по речиси пет години на чело на Канцеларијата на високиот претставник. Тој за својата одлука го информираше Управниот комитет на Советот за спроведување на мирот (СИМ), барајќи покренување на постапка за избор на нов висок претставник до кога тој ќе остане на функцијата, објави ТВ Н1 Сараево.

Кристијан Шмит, кој деновиве е во Њујорк, каде што ќе поднесе редовен извештај до Советот за безбедност на Обединетите нации, посочи на сецесионистичките политики, блокадите на институциите и обидите за поткопување на БиХ, првенствено посочувајќи на Додик и владата на РС, и нагласувајќи дека меѓународниот фактор е на страната на граѓаните на Босна и Херцеговина.

Република Српска побара Шмит да биде протеран од Босна и Херцеговина, бидејќи владата на РС го смета за нелегално избран.

Додик за време на викендот беше во Москва по повод Денот на победата над фашизмот, а по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, рече дека верува оти на седницата на Советот за безбедност на ОН во вторник, 12 мај, Русија ќе бара сите одлуки на Шмит да бидат прогласени за правно неважечки.

И Русија тврди дека Шмит е нелегално избран, бидејќи постапката не е спроведена преку Советот за безбедност на ОН, како во случајот со неговите претходници.

Германскиот весник „Франкруртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) објави дека САД со месеци бараат Шмит, кого РС не го признава за висок претставник во Босна и Херцеговина, да поднесе оставка и дека Вашингтон наводно сака да назначи некој „кој е полесен за управување“ на оваа позиција.

Американска компанија поврзана со претседателот Доналд Трамп е заинтересирана за изградба на гасовод во Босна и Херцеговина, а Шмит, според ФАЗ, изразил загриженост за тоа и со тоа ги свртел САД против него.

Во врска со оставката на германскиот дипломат, Додик оцени дека „тој ја напушта Босна и Херцеговина онака како што дошол – без легитимитет, без одлука на Советот за безбедност на ОН и без меѓународно право на негова страна“.

Во објава на Икс Додик напиша дека во текот на целиот мандат на Шмит „беше јасно дека станува збор за човек кој во БиХ живееше и дејствуваше надвор од процедурите на кои треба да се темели меѓународниот поредок“ и дека „својот мандат го потроши залудно додворувајќи и се на сараевската чаршија и обидувајќи се да ѝ наштети на Република Српска“.

Додик напиша дека „Смит се обидел да направи многу зло, но на крајот, неговите постапки потврдиле само еден факт: Република Српска е неуништлива“.

Поврзани содржини

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Поранешниот градоначалникт на Истанбул Екрем Имамоглу повторно пред суд

11 мај 2026

Првото рочиште во отсуство против 21 лице за воени злосторства во Косово на 1 јули

10 мај 2026
НАЈНОВО

Таткото на Вања ја напушти судницата: „Како заложник, немам што да додадам“

11 мај 2026

Амбасадорката на Трамп во Грција е клучна фигура за енергетската стратегија на САД на Балканот

11 мај 2026

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.