Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Таткото на Вања ја напушти судницата: „Како заложник, немам што да додадам“

11 мај 2026

Амбасадорката на Трамп во Грција е клучна фигура за енергетската стратегија на САД на Балканот

11 мај 2026

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“ што се води во Основниот кривичен суд во Скопје поради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува од оправдани причини – неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни.



Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти.

Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје.



Поврзани содржини

Таткото на Вања ја напушти судницата: „Како заложник, немам што да додадам“

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
НАЈНОВО

Таткото на Вања ја напушти судницата: „Како заложник, немам што да додадам“

11 мај 2026

Амбасадорката на Трамп во Грција е клучна фигура за енергетската стратегија на САД на Балканот

11 мај 2026

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.