Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа.



Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните.

 

– Сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови можат да се пријават на јавниот повик. Наша цел е да обезбедиме поголема сигурност, подобра функционалност и поквалитетно секојдневие за жителите во колективните станбени објекти – рече Герасимовски.

Со оваа мерка предвидена е финансиска поддршка во висина од 30 проценти од вкупната вредност на инвестицијата, но не повеќе од 150.000 денари за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и до 300.000 денари за поправка и санација на лифтови, додека преостанатите 70 проценти од средствата ги обезбедуваат сопствениците.

 

Право на учество имаат заедници на сопственици или управители од Општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години, со најмалку 70% населени станови. Потребна е одлука со потписи од 50% + 1 сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот (договори, понуди, фотографии, технички извештај и др.)

 

Пријавите со целосна документација може да се доставуваат до 30 јуни 2026 година, односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар за 2026 година, во Архивата на Општина Центар, барака 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот или по пошта.

Повеќе информации, условите и потребната документација се достапни на веб-страницата https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260511-javen-povik-za-finansiska-poddrshka-za-popravka-i-sanacija на Општина Центар и во Архивата на Општината.



Поврзани содржини

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Муцунски од Брисел: Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми за ЕУ

11 мај 2026
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.