Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Норовирус коси на друг крузер: Заболени над 100 патници и членови на екипажот

11 мај 2026

Муцунски до бугарската колешка: Едноминутен разговор не е средба, а Македонците се Македонци

11 мај 2026

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател

11 мај 2026

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Возач на приватен автобус на линија 63 денеска околу 13 час на пат од Транспортен центар кон селото Мралино, се пишманил и одлучил дека нема целосно да ја заврши рутата, по што ги оставил патниците на автобуската постојка во Илинден, во близина на кружниот тек кај маркетот „Тинекс“, а потоа се вратил назад кон Скопје, изјавија граѓани за „Слободен печат“.



Како што велат патниците, возејќи кон Мралино, возачот постојано велел дека не го знае патот, па затоа тие започнале да му даваат насоки каде да вози и на која постојка треба да застане, а потоа, како што тврдат, тој видно се изнервирал и го застанал автобусот на автобуската постојка „Илинден први мај“, им наредил на патниците да се симнат и ги информирал дека тој нема да вози до последната постојка во Мралино бидејќи, како што велат патниците, не го знаел патот за назад и не знаел како да се врати во Скопје.

Според возниот ред на ЈСП-Скопје, меѓу постојката „Илинден први мај“ падо последната постојка „Мралино“ има уште 16 автобуски постојки каде автобусот број 63 е предвидено да застане, но овој пат возачот направил крукче на кружниот тек во Илинден и се вратил во Скопје, оставајќи ги патниците на пола пат.

Патниците се симнале од автобусот, па за нивна среќа после пет минути дошол автобус на ЈСП-Скопје со бројот 66, во кој тие се качиле и ја продолжиле нивната неочекувана „авантура“ низ Илинден. Патем, автобусот 66 не ја вози истата траса како и приватниот превозник број 63, бидејќи таа линија не влегува во Мралино, туку оди покрај населеното место во правец кон Миладиновци.

Ова е уште еден пример како приватните превозници ненадејно запираат со возење, а сега веќе и оставаат патници на пола пат во Илинден, со што се поставува прашањето дали возачите на приватните автобуси добиваат некои подготовки и пробни возења на рутите по кои треба да пренесуваат патници, но и каква одговорност можат да сносат со постапки слични на оваа погоре, кога шоферот поради неинформираност и недоволна подготвеност на рутата која треба да ја вози, од страв дека нема да може да се врати назад во Скопје, го запира возењето и ги остава патниците да се снаоѓаат како да стигнат до посакуваната локација.



Поврзани содржини

Муцунски до бугарската колешка: Едноминутен разговор не е средба, а Македонците се Македонци

11 мај 2026

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026
НАЈНОВО

Норовирус коси на друг крузер: Заболени над 100 патници и членови на екипажот

11 мај 2026

Муцунски до бугарската колешка: Едноминутен разговор не е средба, а Македонците се Македонци

11 мај 2026

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател

11 мај 2026

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.