Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Тренчевска: Нема реформи и нема Европа со криминална власт

11 мај 2026

Биљали за Локално : Не гледам понуда од ВЛЕН за подобар живот, туку гнев и инает да се победи ривалот

11 мај 2026

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин за да им помогне на Американците со цените на горивата

11 мај 2026

Касами за реконструкција на Владата: Подготвени сме за ротација на ресори

11 мај 2026

Обвинителството и ДКСК потпишаа Меморандум за зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Касами за реконструкција на Владата: Подготвени сме за ротација на ресори

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Новоформираната партија Влен е подготвена за ротација на ресори во владината реконструкција и за тоа го известивме премиерот, вели копретседателот Биљал Касами во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. За тоа кои позиции ќе бидат опфатени, тој вели дека е рано да се каже бидејќи конгресот на Влен беше пред само два дена и за позициите допрва ќе дискутираат. На прашањето дали може да се очекуваат нови партнери во Владата, Касами вели – во моментов има стабилно мнозинство.



„Владиното мнозинство е сериозно и нема некој сериозен проблем. Имаме стабилно мнозинство. Односите, тоа го потврди премиерот и ние го потврдуваме, во владата се коректни. Не гледаме причина зошто би имале нов партнер, но истовремено имаме секојдневна комуникација со пратеници кои би можело да бидат дел од владиното мнозинство“,
вели Касами.

Во однос на двомесечното недоаѓање на работа на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, за кој е извесно дека ќе биде опфатен со реконструкцијата, Касами вели дека местото повторно ќе биде пополнето со кадар на Влен.

Касами: Значи, не би сакал да кажам што мислел тој, зошто се повлече, но едно е јасно – дека немавме некој сериозен резултат во тој правец и најверојатно увидел дека не може да се носи со таа многу сериозна позиција и се повлече. Инаку, нашата посветеност за борба против злоупотреба на државните институции, на јавните позиции, останува.

360°: Зошто не е разрешен? Тој сè уште е формално е вицепремиер за добро владеење, претпоставувам зема плата. Треба ли да ги врати парите барем за овие две-три плати што не ги сработил?

Касами: Тоа веќе е негов личен, како да кажам, став и позиција по која треба тој да се произнесе. Инаку, поради тоа што веќе има некој начелен договор – брзо, ако не кон крајот на овој месец, почеток на јуни да има реконструкција на владата, знаејќи дека процедурите за негово разрешување би траеле, доколку премиерот и владата оделе по таа линија да се разреши, затоа што значи тоа треба да оди во Собрание, па тој да се обрати и истото време ќе се потроши.

За односите со актуелниот министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, кој веќе нема функција во Влен, Касами вели дека немале кавга или посериозен личен проблем.

„Искрено кажано, не можам да разберам што беше проблемот со министерот за социјала, затоа што кога се среќававме немавме некаква кавга, немавме некој проблем. Значи, личните односи не ни беа до тоа ниво нарушени за едноставно да се оди по линија на негово разрешување или тргање од партијата. Не знам, уште не можам да сфатам што беше неговата цел. Мојата поддршка за него беше беспрекорна, без некоја задршка, дури имав критики од моите други сопартијци дека го поддржувам без да размислувам што би произлегло од тоа понатаму. И на почеток за пратеник, после за министер, после за кандидат за градоначалник… После завршувањето на локалните избори неговиот став и позиција се сменија“,рече Касами.

За предвремени парламентарни избори Касами вели дека Влен се подготвени, особено поради резултатите од локалните избори, кои, според него, се во корист на неговата партија, но оценува дека најдобро за државата би било одржување на редовни избори во 2028 година.



Поврзани содржини

Тренчевска: Нема реформи и нема Европа со криминална власт

11 мај 2026

Биљали за Локално : Не гледам понуда од ВЛЕН за подобар живот, туку гнев и инает да се победи ривалот

11 мај 2026

Обвинителството и ДКСК потпишаа Меморандум за зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата

11 мај 2026
НАЈНОВО

Тренчевска: Нема реформи и нема Европа со криминална власт

11 мај 2026

Биљали за Локално : Не гледам понуда од ВЛЕН за подобар живот, туку гнев и инает да се победи ривалот

11 мај 2026

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин за да им помогне на Американците со цените на горивата

11 мај 2026

Касами за реконструкција на Владата: Подготвени сме за ротација на ресори

11 мај 2026

Обвинителството и ДКСК потпишаа Меморандум за зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.