Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДК-ВОЛК Е ФАТЕН ВО ПАРКОТ ВО СКОПСКО КОЗЛЕ

12 мај 2026

Јакимовски со критика за Ѓорѓиевски: Една тревка да мрднат, веднаш оди со реклама на телевизија, Луна паркот „ветено чудо“, децата пораснаа чекајќи го!

12 мај 2026

САД тајно преговараат за Гренланд

12 мај 2026

Рама за договорот за мигрантите со Италија: Ќе продолжи сè додека соседната земја го сака тоа

12 мај 2026

Пресс 24-Љупчо Николовски повикан во СВР Скопје на службен разговор

12 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 12
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, за првпат се воведуваат строги ограничувања

Press OnlineBy Press Online12 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој ќе биде испратен до Собранието. Со ова започнуваме нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. Фокусот на овој закон е јасен заштита на децата, младите генерации и семејствата, соопшти попладнево владиниот портпарол Венера Азизи.

Таа посочи дека за првпат се воведуваат строги ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа, се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во игри на среќа, се забрануваат пораки кои коцкањето го претставуваат како пат до финансиски успех, подобар живот или решение за лични и социјални проблеми.

Дополнително, појасни, се забранува рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници.

– Испраќаме јасна порака дека коцкањето не смее да се нормализира, ниту да се претставува како стил на живот пред младите. Втората клучна точка е заштитата на образовниот процес и безбедноста на учениците. Со законот се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и електронски игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Во обложувалниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување на електронски видео-лотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа. Ова е институционална одлука да ги заштитиме децата од секојдневна изложеност на коцкање и зависности, рече Азизи.

Паралелно, нагласи, институциите веќе преземаат конкретни мерки против нелегалното онлајн коцкање.

Таа потенцира дека досега се затворени 358 нелегални странски онлајн платформи кои незаконски приредувале игри на среќа на територијата на државата и дека станува збор за платформи кои функционирале без лиценца, без контрола и без никаква заштита за граѓаните.

– И покрај постојаните обиди на нелегалните приредувачи да отвораат нови канали и интернет страници, институциите ќе продолжат со засилени контроли и соодветни законски мерки. Оваа Влада уште од првиот ден започна системска борба против индустријата која со години се ширеше без контрола. Нашата цел е јасна воспоставување одговорен, транспарентен и контролиран систем, со јасни правила, правна сигурност и многу поголема заштита на граѓаните. Ова е борба за иднината на младите, за сигурноста на семејствата и за достоинството на општеството, додаде Азизи. рп/ев/

Фото и видео: Влада



Поврзани содржини

СДК-ВОЛК Е ФАТЕН ВО ПАРКОТ ВО СКОПСКО КОЗЛЕ

12 мај 2026

Јакимовски со критика за Ѓорѓиевски: Една тревка да мрднат, веднаш оди со реклама на телевизија, Луна паркот „ветено чудо“, децата пораснаа чекајќи го!

12 мај 2026

Пресс 24-Љупчо Николовски повикан во СВР Скопје на службен разговор

12 мај 2026
НАЈНОВО

СДК-ВОЛК Е ФАТЕН ВО ПАРКОТ ВО СКОПСКО КОЗЛЕ

12 мај 2026

Јакимовски со критика за Ѓорѓиевски: Една тревка да мрднат, веднаш оди со реклама на телевизија, Луна паркот „ветено чудо“, децата пораснаа чекајќи го!

12 мај 2026

САД тајно преговараат за Гренланд

12 мај 2026

Рама за договорот за мигрантите со Италија: Ќе продолжи сè додека соседната земја го сака тоа

12 мај 2026

Пресс 24-Љупчо Николовски повикан во СВР Скопје на службен разговор

12 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.