Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК

12 мај 2026

Иран: Доколку САД повторно нè нападнат, ќе збогатиме ураниум до ниво на нуклеарна бомба

12 мај 2026

Платен убиец од Србија уапсен во Скопје

12 мај 2026

Запрена истрагата против бизнисмените Ратко Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино: Нема докази за перење пари и злоупотреби

12 мај 2026

Ерик Трамп се фали со новата кула Трамп, ќе биде „највисоката зграда“ во поранешната советска република

12 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 12
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Калас: Шефовите на дипломатиите на ЕУ дадоа поддршка за Западен Балкан, за возврат очекуваат реформи

Press OnlineBy Press Online12 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Брисел – Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ дале политичка поддршка за продлабочување на соработката со партнерите од Западен Балкан во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, но и додаде дека за возврат очекуваат понатамошни реформи, почитување на владеењето на правото и јасно усогласување со надворешната политика на ЕУ.

На прес-конференција по вчерашниот министерски состанок во Брисел, Калас рече дека Западен Балкан е стратешки приоритет за ЕУ и оти поддршката на ЕУ се однесува на борбата против хибридните закани и дезинформациите, новото Партнерство за безбедност и одбрана со Црна Гора и поголемо користење на Европскиот мировен фонд со цел зајакнување на одбранбените капацитети на партнерите.

ЕУ ќе подели 200 милиони од Планот за раст на Македонија, Црна Гора и Албанија, Србија ќе извиси

– Но јасно е дека партнерствата функционираат во двете насоки. За возврат, очекуваме понатамошни реформи, почитување на владеењето на правото и јасно усогласување со надворешната политика на ЕУ. Западен Балкан припаѓа на Европската унија. А чекорите кои денес ги зацртавме се насочени кон таа цел – рече Калас.

Таа додаде дека министрите разговарале и за најавената оставка на високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, и дека се „согласуваат оти е во интерес на ЕУ земјата да не скршне од својот европски пат и оти мора да останат единствени во изнаоѓањето на негов наследник“. 

Поврзани содржини

Уапсени осум лица за вчерашниот вооружен грабеж во филијала на банка во централна Грција

12 мај 2026

Невреме ја парализира Србија: Пороен дожд и силен ветер носат сè пред себе (видео)

11 мај 2026

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини

11 мај 2026
НАЈНОВО

Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК

12 мај 2026

Иран: Доколку САД повторно нè нападнат, ќе збогатиме ураниум до ниво на нуклеарна бомба

12 мај 2026

Платен убиец од Србија уапсен во Скопје

12 мај 2026

Запрена истрагата против бизнисмените Ратко Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино: Нема докази за перење пари и злоупотреби

12 мај 2026

Ерик Трамп се фали со новата кула Трамп, ќе биде „највисоката зграда“ во поранешната советска република

12 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.