Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател

11 мај 2026

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Приходите во период од една година, во конкретниот случај за 2024 година, недвижниот имот, евентуални кредити, акции, депозити и/или учества во компании, се вклучени во декларациите за имотната состојба на грчките политичари, што денеска јавно беа објавени на официјалната веб-страница на парламентот на Грција, како што предвидува законската обврска – јави дописничката на МИА од Атина.

Декларациите доставени лани се однесуваат на имотната состојба во 2024 година, а се задолжителни за премиерот, лидерите на партиите, пратениците и европратениците, градоначалниците и префектите, како и на нивните сопружници.

Од грчкиот парламент соопштија дека имотните состојби се објавени неревидирани, онака како што биле поднесени, а станува збор за вкупно 1.837 годишни изјави.

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, пријавил годишен приход од 81.674 евра, банкарски депозити од 575.208 евра и 419 американски долари, 26 недвижности на Крит, Кикладските Острови и во Јанина, две возила, учество во една компанија, како и кредит од 150.000 евра.

Според грчките медиуми, за една година Мицотакис продал грчки државни обврзници во вредност од 500.000 евра, кои биле купени за 490.000 евра.

Претседателот на земјата, Константинос Тасулас, во декларацијата за 2024 година, кога беше претседател на парламентот, пријавил годишен приход од 45.420 евра, три недвижности во областа Епир, едно возило, кредит од 15.000 евра, како и депозити во вкупна вредност од речиси 85.000 евра.

Приходите на претседателот на главната опозициска партија ПАСОК, Никос Андрулакис, достигнуваат до 58.034 евра, од кои 21.500 се од недвижности, сопственик е на 17 недвижности и едно возило, има учество во две компании, како и депозити од 58.399 евра, наспроти една година претходно кога пријавил депозит од 1.076.358 евра во грчки и странски банки.

Преку допис до претседателот на парламентарната комисија за контрола на изјавите информира дека „со изненадување утврдил дека по грешка и поради очигледна невнимателност на неговиот сметководител“ не биле вклучени банкарските сметки во странство, кои, како што објасни, редовно ги пријавува над една деценија и посочи дека веднаш ќе ги почне сите законски процедури за дополнување на пропустот.

– Мојата имотна и финансиска состојба е позната, транспарентна и објавувана со години – напиша Андрулакис во писмото.

Поврзани содржини

Грчкиот митрополит забрани и литургија на бугарски јазик

11 мај 2026

ЕУ ќе подели 200 милиони од Планот за раст на Македонија, Црна Гора и Албанија, Србија ќе извиси

11 мај 2026

Црна Гора е прва во Европа по потрошувачка на антибиотици, предупредуваат експерти

11 мај 2026
НАЈНОВО

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател

11 мај 2026

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.