Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

13 мај 2026

Ова е мапата на Венецуела објавена од Трамп

13 мај 2026

ВЛЕН: Промовираме нова визија за децентрализација и вистинска автономија на општините

13 мај 2026

„Златната купола“ би можела да чини над еден трилион долари

13 мај 2026

Тренчевска: СДСМ ќе го промовира новиот Закон за борба против корупцијата

13 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 13
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ бара вонредна седница во Карпош: Лукровски се повлекува поради бизнис-интереси на Мицкоски?

Press OnlineBy Press Online13 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Општинската организација на СДСМ во Карпош денеска побара итно свикување на вонредна седница на Советот на општината, по информациите за повлекување и отсуство на градоначалникот Сотир Лукровски.

Претседателот на ОО СДСМ Карпош, Панче Милевски – Панта, на прес-конференција упати тешки обвинувања дека исчезнувањето на градоначалникот е директно поврзано со внатрешни судири во ВМРО-ДПМНЕ и страв од кривична одговорност.

Според Милевски, градоначалникот Лукровски се повлекува бидејќи одбива да потпишува документи поврзани со, како што вели, бизнис-интересите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и неговата група. Од СДСМ тврдат дека станува збор за документи кои можат да повлечат лична кривична одговорност, а се однесуваат на сомнителни новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање одредени фирми.

„Градоначалникот Сотир Лукровски исчезна токму кога на граѓаните им е најпотребна одговорна и присутна локална власт. Карпош денес е симбол на застој, нефункционалност и институционален хаос. Општината е закочена, проектите стојат, а граѓаните се оставени без одговори“, истакна Милевски.

Од партијата јавно прашуваат дали е доведено во прашање целосното функционирање на локалната самоуправа и дали вработените во Општина Карпош треба да стравуваат за своите плати и егзистенција во следните месеци поради настанатиот хаос.

СДСМ инсистира на вонредна седница за граѓаните да дознаат во каква состојба се наоѓа општината и кој во моментов ги носи одлуките. Ситуацијата ја оценија како уште едно „погрешно кадровско решение на Христијан Мицкоски“, прашувајќи дали тој повторно ќе им се извинува на граѓаните.

„Доколку градоначалникот не е подготвен или не е способен да ја води општината, тогаш единствено чесно решение е оставка и распишување вонредни локални избори. Карпош не смее да биде жртва на политичка суета, неспособност и бегање од одговорност“, порача Милевски, додавајќи дека граѓаните бараат функционална и чесна локална власт, а не изговори.

Поврзани содржини

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

13 мај 2026

ВЛЕН: Промовираме нова визија за децентрализација и вистинска автономија на општините

13 мај 2026

Тренчевска: СДСМ ќе го промовира новиот Закон за борба против корупцијата

13 мај 2026
НАЈНОВО

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

13 мај 2026

Ова е мапата на Венецуела објавена од Трамп

13 мај 2026

ВЛЕН: Промовираме нова визија за децентрализација и вистинска автономија на општините

13 мај 2026

„Златната купола“ би можела да чини над еден трилион долари

13 мај 2026

Тренчевска: СДСМ ќе го промовира новиот Закон за борба против корупцијата

13 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.