Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

13 мај 2026

Ова е мапата на Венецуела објавена од Трамп

13 мај 2026

ВЛЕН: Промовираме нова визија за децентрализација и вистинска автономија на општините

13 мај 2026

„Златната купола“ би можела да чини над еден трилион долари

13 мај 2026

Тренчевска: СДСМ ќе го промовира новиот Закон за борба против корупцијата

13 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 13
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ВЛЕН: Промовираме нова визија за децентрализација и вистинска автономија на општините

Press OnlineBy Press Online13 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Коалицијата ВЛЕН, преку соопштение до медиумите, ја презентираше својата нова визија за децентрализацијата и локалната власт, ставајќи го овој процес во центарот на својата политичка програма. Од коалицијата истакнуваат дека демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие – во општината, училиштето и на улицата, поради што е неопходно суштинско зајакнување на локалните институции.

ВЛЕН се залага за нова фаза на децентрализација која, според нив, подразбира целосна одлучувачка и фискална автономија за општините. Визијата на коалицијата вклучува обезбедување јасни надлежности и соодветни средства за локалните власти самостојно да одлучуваат за своите развојни приоритети.

„За нас децентрализацијата подразбира фискална децентрализација, поголем простор за прекугранична соработка, поттикнување на локалниот економски развој и посилна улога на локалната власт во основното и средното образование“, се наведува во соопштението. Како конкретен пример за оваа визија, ВЛЕН го посочува стратегискиот проект Тетово–Призрен, за кој велат дека ќе ја зајакне инфраструктурната, економската и развојната поврзаност во регионот.

Во соопштението, ВЛЕН упатува и остри критики до своите политички опоненти, обвинувајќи ги за запоставување на децентрализацијата во минатото.

„Овие што глумат патриоти никогаш гајле немале за децентрализацијата. Беа зафатени со лоповлук. Затоа, каде и да владееја, оставија пустош зад себе, општини без вода за пиење, без развој и без нормални услуги за граѓаните“, се вели во дописот, со додавка дека Албанците ја виделе оваа „лага“ и на изборите ги тргнале.

Од ВЛЕН порачуваат дека тие времиња се минато и дека со нивната програма отвораат ново поглавје за локалната власт. Според коалицијата, целта е општините повеќе да не се гледаат како плен, туку како институции со вистински надлежности кои ќе бидат носители на развојот и ќе им служат директно на граѓаните.

 

Поврзани содржини

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

13 мај 2026

Тренчевска: СДСМ ќе го промовира новиот Закон за борба против корупцијата

13 мај 2026

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

13 мај 2026
НАЈНОВО

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

13 мај 2026

Ова е мапата на Венецуела објавена од Трамп

13 мај 2026

ВЛЕН: Промовираме нова визија за децентрализација и вистинска автономија на општините

13 мај 2026

„Златната купола“ би можела да чини над еден трилион долари

13 мај 2026

Тренчевска: СДСМ ќе го промовира новиот Закон за борба против корупцијата

13 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.