
Адвокатката на газда Деко од ,,Пулс” вели дека присуството на малолетници во објектот не е кривично дело, туку прекршочно.
„Дејан неколку пати плаќал казни за присуство на малолетници во објектот”, вели адвокатката Ивана Коцевска.
Ги обвини новинарите за необјективност и заземање страна.
— реклама —
„Вие, новинарите, треба да го почитувате Кодексот за однесување на новинарите”, е поуката од адвокатката.
— реклама —
Таа го спори тврдењето дека во дискотеката кобната вечер, кога загинаа 63 лица и повеќе од 200 лица беа повредени, има 670.
„Капацитетот е 520 лица и според нашите докази имало 470 лица. Пребројувањето на обвинителството е нереално направено од безбедносна надворешна камера, а нашето е според внатрешна и надворешна камера“, вели Коцевска.
Коцевска нема информација колку фискални сметки за влезници се издадени.
Смета дека според околностите и дело сторено од небрежност, Дејан Јовановски треба да добие максимум 5 години затвор, а не 20 години колку му се заканува. објави Скопје1.мк

