Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Директорот на ФБИ обвинет дека пие на работа

13 мај 2026

Жена тешко повредена по пад во шахта на Партизанска

13 мај 2026

Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците

13 мај 2026

Воените команданти му ветиле на Путин дека ќе го заземат Донбас до есен

13 мај 2026

Партијата што ја подготвува Ципрас веќе е на второ место во анкетите

13 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 13
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците

Press OnlineBy Press Online13 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити.



На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека коцкарниците се главна индустрија во градовите.

 

– Го ветувавме и го работевме овој закон многу внимателно имајќи ги во предвид сите параметри што се поврзани со оваа индустрија. Има одредени стандарди и политики што ги води оваа Влада, со овие реклами и билборди градовите почнаа да ни личат како градови во кои коцкарниците се главна индустрија. Тоа не личеше на ништо и не личи на ништо. Со овој закон ќе се стави крај на оваа перцепција кај граѓаните. Некако до тие казина, како по правило, се отвораат канцеларии во кои се даваат и брзи кредити, следно на што ќе работиме ќе биде и тоа – рече Мицкоски потврдувајќи дека се работи да се ограничи тоа.

Според нашата анализа, појасни премиерот, заклучивме дека повеќето од луѓето како причина за напуштање на државата го користат и тој аргумент – долговите што се наталожиле.

– Ценам дека со овој закон во морална смисла на зборот драматично ќе ја подобриме состојбата во државата, така што апсолутно стоиме зад овој закон и стоиме во одбрана на овој закон – рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

Со предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, усвоен вчера на владина седница, се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа – во казина, автомат-клубови и електронски игри на среќа – да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Во обложувачниците што се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта, пак, нема да биде дозволено поставување електронски видеолотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа. Со законот првпат се воведуваат строги ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа, се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во игри на среќа, се забрануваат пораки што коцкањето го претставуваат како пат до финансиски успех, подобар живот или решение за лични и социјални проблеми. Дополнително, се забранува рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници.

Од Владата инфомираа дека како дел од мерките против нелегалното онлајн-коцкање досега се затворени 358 нелегални странски онлајн-платформи, кои незаконски приредувале игри на среќа на територијата на државата, а кои функционирале без лиценца, без контрола и без никаква заштита за граѓаните.



Поврзани содржини

Жена тешко повредена по пад во шахта на Партизанска

13 мај 2026

Предложен притвор за осомничениот за полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

13 мај 2026

Мицкоски: Заврши реконструкцијата на „8-ми Септември“, во салите веќе нема да се влегува со чадор

13 мај 2026
НАЈНОВО

Директорот на ФБИ обвинет дека пие на работа

13 мај 2026

Жена тешко повредена по пад во шахта на Партизанска

13 мај 2026

Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците

13 мај 2026

Воените команданти му ветиле на Путин дека ќе го заземат Донбас до есен

13 мај 2026

Партијата што ја подготвува Ципрас веќе е на второ место во анкетите

13 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.