Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Орце Ѓорѓиевски го назначи Миро Кацаров за в.д. директор на Универзална сала

14 мај 2026

Синовите на Трамп ќе градат кула во Тбилиси заедно со владетелот на Грузија

14 мај 2026

(ВИДЕО) Филипче: Барам извинување од Мицкоски и ВМРО за граѓаните на Македонија!

14 мај 2026

Вучиќ најави борба против арогантни функционери – граѓаните ќе може да ги пријавуваат за ароганција

14 мај 2026

Вирус на хепатитис А откриен во замрзнато овошје од Србија

14 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 14
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца

Press OnlineBy Press Online14 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Брисел – Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4%, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7%), други видови домаќинства со деца (5,6%) и самохрани возрасни лица со деца (3,0%), покажуваат податоците на Евростат.

Останатите 76,6% од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5% од сите домаќинства), парови (24,1%) и други домаќинства (15,1%).

Помеѓу 2016 и 2025 година, бројот на домаќинства со самохрани возрасни лица без деца се зголемил за 19,2% (од 63,9 милиони на 76,1 милиони), а бројот на домаќинства составени од парови без деца пораснал за 3,3% (од 47,3 милиони на 48,9 милиони). Спротивно на тоа, бројот на домаќинства со парови и деца се намали за 6,3% (31,9 милиони на 29,9 милиони), а другите видови домаќинства со деца се намалија за 3,5% (11,8 милиони на 11,4 милиони).

Најмногу домаќинства со деца има во Словачка (35,4%), Ирска (30,8%) и Кипар (28,2%), а најмалку во Финска (18,2%), Литванија (18,4%) и Германија (19,9%).

Во 2025 година, 50,2% од домаќинствата во ЕУ со деца имале едно дете, 37,6% имале 2 деца, а 12,2% три или повеќе деца. Домаќинствата со едно дете биле особено чести во Португалија (61,8% од сите домаќинства со деца), Бугарија (60,4%) и Малта (59,5%).

Во 14 од 27-те земји на ЕУ, повеќето домаќинства со деца имале две или повеќе деца. Овој удел бил највисок во Шведска, со 57,8% од таквите домаќинства, Холандија (57,6%) и Ирска (56,7%).

Поврзани содржини

Синовите на Трамп ќе градат кула во Тбилиси заедно со владетелот на Грузија

14 мај 2026

Хорор крстарење – гастроентеритис потврден на крузер во Бордо

14 мај 2026

Куба остана без дизел и мазут, ситуацијата во земјата е исклучително напната

14 мај 2026
НАЈНОВО

Орце Ѓорѓиевски го назначи Миро Кацаров за в.д. директор на Универзална сала

14 мај 2026

Синовите на Трамп ќе градат кула во Тбилиси заедно со владетелот на Грузија

14 мај 2026

(ВИДЕО) Филипче: Барам извинување од Мицкоски и ВМРО за граѓаните на Македонија!

14 мај 2026

Вучиќ најави борба против арогантни функционери – граѓаните ќе може да ги пријавуваат за ароганција

14 мај 2026

Вирус на хепатитис А откриен во замрзнато овошје од Србија

14 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.