Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филков бара одговорност од Абази: Одлуката за запирање на истрагата за мазутот итно да се преиспита

14 мај 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

14 мај 2026

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

14 мај 2026

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

14 мај 2026

Народна банка: Отсега плаќања во евра од и кон Србија во рамките на СЕПА

14 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 14
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

Press OnlineBy Press Online14 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот. Исто така поставени се и фотоволтаични панели со што се подобрува енергетската ефикасност, информираат од Министерството за транспорт.

На увид во реконстурираната болница, присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот Александар Николоски, министерот за здравство и други претставници на Владата како и директорот на ТАВ.

Во своето обраќање вицепремиерот Николоски истакна дека граѓаните добиваат најмодерна болница во државата.

„Навистина е посебно чувство кога се завршува еден голем проект, а денес завршуваме проект што има огромно значење не само за градот Скопје, туку и за целата држава. Во оваа болница секојдневно доаѓаат пациенти од цела Македонија барајќи врвна здравствена услуга. Се работи за врвна задравствена институција. Со оваа целосна реконструкција, дефинитивно најдобрите здравствени услови ќе можат да се најдат во “8-ми Септември”.

Кога се завршува еден проект, важно е да се каже и како започнал. Веднаш по изборот на оваа Влада, анализирајќи ја документацијата и состојбите што ги затекнавме, утврдивме дека имa околу 15 милиони евра нереализирани средства од страна на ТАВ, како концесионер на двата аеродроми. Во однос на ова размислувавме што да правиме и на еден состанок со премиерот Христијан Мицкоски, тој ја даде идејата да инвестираме во нешто што ќе остане за генерациите по нас – целосна реконструкција на популарната Воена болница, денешна „8-ми Септември“.
Денес, го имаме проектот завршен под негово водство, во соработка со директорот на болницата, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, ТАВ и ние како Министерство за транспорт, помогнавме таму каде што беше потребно. Се надевам дека од тука ќе излегуваат добри приказни, успешни оперативни зафати, излекувани пациенти и луѓето ќе си замниуваат со насмевки од тука, а ние ќе продолжиме да работиме”- истакна вицепремиерот Николоски.

Поврзани содржини

Филков бара одговорност од Абази: Одлуката за запирање на истрагата за мазутот итно да се преиспита

14 мај 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

14 мај 2026

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

14 мај 2026
НАЈНОВО

Филков бара одговорност од Абази: Одлуката за запирање на истрагата за мазутот итно да се преиспита

14 мај 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

14 мај 2026

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

14 мај 2026

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

14 мај 2026

Народна банка: Отсега плаќања во евра од и кон Србија во рамките на СЕПА

14 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.