Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

15 јуни 2026

Израелската опозиција: Договорот меѓу САД и Иран е тежок пораз за Нетанјаху

15 јуни 2026

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

15 јуни 2026

Голем пожар во Белград, гори трговски центар

15 јуни 2026

Американско-иранскиот договор ја намалува неизвесноста за војната – но сè уште има многу за решавање

15 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Извештајот за непотребните кардиохируршки интервенции не може да се објави поради ризик од идентификација на пациентите, вели Алиу

Press OnlineBy Press Online15 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Целосниот извештај од странската експертска комисија, која потврди девет случаи на непотребни кардиохируршки интервенции, нема да биде јавно објавен бидејќи содржи медицински и лични податоци, изјави за МИА министерот за здравство, Азир Алиу. Тој појасни дека согласно Законот за заштита на правата на пациентите, овие податоци мора да се чуваат во тајност, а самото техничко прикривање на имињата не е доволно.

„Во вакви случаи не е доволно само технички да се затемнат името и презимето, затоа што преку комбинација на дијагнози, датуми, установи, тип на интервенција и клинички тек може да се дојде до индиректна идентификација на пациентите“,вели Алиу.

Извештајот од странската експертска комисија се однесува на вкупно 13 предмети, а кај девет од нив се утврдени сомнителни наоди во дијагностичката евалуација и несоодветна индикација за ендоваскуларни или хируршки процедури.

Наодите на странската комисија во значаен дел се поклопуваат со оние на домашната, но министерот нагласи дека секоја комисија работела целосно самостојно и независно.

„Странската комисија направи сопствена, независна анализа на доставената медицинска документација и кај девет од тие 13 предмети утврди сомнителни наоди во дијагностичката евалуација и несоодветна индикација за ендоваскуларни или хируршки процедури. Затоа беше соопштено дека наодите на странската комисија во значаен дел се поклопуваат со наодите на домашната интерна комисија, но секоја комисија работеше самостојно и независно“,

вели Алиу.

На прашањето зошто случаите сè уште се третираат како сомнителни кога две комисии донеле ист заклучок, Алиу појасни дека Министерството за здравство нема овластување да носи правни квалификации. Нивна обврска е да ги соопштат стручните наоди и да ги зајакнат системските мерки за да се спречат вакви појави во иднина.

Прашан во однос на евентуално ново вештачење од Јавното обвинителство, кога веќе има потврдени наоди од домашната и од странската комисија, тој истакнува дека Министерството за здравство не најави ново вештачење од Јавното обвинителство, ниту може да најавува процесни дејства во име на друга институција.

„Тоа што беше соопштено е дека наодите од домашната и странската стручна комисија ќе бидат доставени до надлежните институции, вклучително и до Јавното обвинителство. Наодите на двете комисии претставуваат стручна основа и затоа Министерството ќе постапи институционално и одговорно. Но, евентуалните наредни чекори, вклучително и дали ќе се бара дополнително вештачење, се во надлежност на Јавното обвинителство, а не на Министерството за здравство“, додава Алиу.

Министерот, вчера, на прес-конференција ги соопшти наодите на странската комисија што беше ангажирана да даде миселње во врска со наводите за непотребни кардиолошки и кардиохируршки интервенции што биле вршени во клиники во земјава, случај кој беше инициран по изјава на кардиохирургот д-р Жан Митрев, минатата година.

Извештаите од интерната и странската комисија, беше кажано, ќе бидат доставени до Владата, до Јавното обвинителство, до Лекарската комора, до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Фондот за здравствено осигурување и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Одговарајќи вчера на прашање на „360 степени“, за тоа дали може да биде дециден и да каже дека овие девет пациенти биле непотребно оперирани или не, министерот Алиу се повика на извештаите од стручната комисија кои покажале дека од 13 случаи што беа дефинирани тие велат дека се девет.

Министерот во одговорот на уште едно прашање од „360 степени“, а кое се однесуваше на неговите претходни јавни настапи и прес-конференции на кои ветуваше дека резултатите од извештајот ќе бидат јавно достапни, рече дека во оваа фаза не може да прави сензација со имиња, затоа што со тоа повредува други закони ако излезе со имиња. На прашањето дали смета дека извештаите со имињата на докторите и болниците сепак треба да бидат јавно достапни за медиумите, а со тоа и за граѓаните, бидејќи сепак станува збор за човечки судбини и за пари на граѓаните, Алиу рече:

„Сметам дека од денеска треба да имаме здравствен систем што ќе следи и ќе бидат третирани сите граѓани според строги протоколи. Сензација со имиња, во оваа фаза и не смееме, јас правам прекршок на други закони ако излезам со имиња. Да, со институциите ги спомнав со име и презиме која е. Затоа реков сите институции што нудат некаков тип на здравствена услуга поврзана со ваков тип на пациенти“.



Поврзани содржини

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

15 јуни 2026

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

15 јуни 2026

Трамп го прекори Нетанјаху: Нападите во Либан не требаше да се случат

15 јуни 2026
НАЈНОВО

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

15 јуни 2026

Израелската опозиција: Договорот меѓу САД и Иран е тежок пораз за Нетанјаху

15 јуни 2026

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

15 јуни 2026

Голем пожар во Белград, гори трговски центар

15 јуни 2026

Американско-иранскиот договор ја намалува неизвесноста за војната – но сè уште има многу за решавање

15 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.