Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Левица: ЕСМ и Узунчев не пријавиле штета за случајот со увоз на мазут – предметот падна поради директорот на Мицкоски.

15 мај 2026

Канцеларот Мерц не би им препорачал на своите деца да студираат во САД

15 мај 2026

Жена се породи во двор во Македонија среде ноќ – епилогот е трагичен

15 мај 2026

МАГО: Редовните гинеколошки прегледи се клучни за навремено откривање и лекување на болестите

15 мај 2026

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго

15 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 15
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

МАГО: Редовните гинеколошки прегледи се клучни за навремено откривање и лекување на болестите

Press OnlineBy Press Online15 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Жените треба да прават превентивни гинеколошки прегледи, бидејќи навременото откривање болест значи и нејзино полесно излекување, истакнаа денеска од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, на одбележувањето на „Неделата на женско здравје 2026“.



Проф. д-р Глигор Тофоски од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и претседател на МАГО, рече дека ако болеста се открие доцна дури и најсовремените медицински методи некогаш не можат целосно да помогнат.

– Годинава најактуелна тема сега и во светски рамки е онаа патологија која ја викаме полицистичен оваријален синдром која од завчера на светско ниво се вика полиендокрино метаболно оваријално заболување односно синдром и со друг осврт се приоѓа на женското здравје не само од страната на овариумот, туку од страната на тоа што овие жени – шест до 13 отсто од женската популација во репродуктивниот период го има како симптоми и во можната појава на дијабетес тип 2, на зголемувањето на мастите, кардиоваскуларните заболувања, на лекување на инфертилитетот и други состојби. Освен темата за полиендокрино метаболно оваријално заболување има и други теми. Има дел посветен на виско ризични бремености, хроничните уринарни тегоби и единствената вакцина ХПВ која може да помогне да се превенира и да се искорени цервикалниот карцином, рече проф.д-р Тофоски.

Специјалист д-р Илир Шурлани од Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир и член на Управниот одбор на МАГО, рече дека жените доаѓаат предоцна за преглед не затоа што немале симптоми, туку што немале храброст и навика навреме да дојдат на преглед.

– Превенцијата спасува живот. Дел од болестите кај жените би можеле да бидат откриени многу порано и лекувани со еден редовен гинеколошки преглед. Особено значајно е да допреме до младите девојки и до бремените жени. Грижата за сопственото здравје не треба да претставува страв, туку зрелост, одговорност и љубов кон себе и здравјето на семејството. Како здравствени работници имаме должност не само да ги лекуваме, туку и да ги едуцираме, охрабруваме и да градиме заемна доверба. Да работиме заедно редовните гинеколошки прегледи да станат навика, а не само посета кога ќе има потреба, рече д-р Шурлани.

Додаде дека на преглед доаѓаат жени на кои им завршил репруктивниот период и кога се соочуваат со болки и принудно мора да дојдат.

Проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на УО на МАГО, рече дека според најновите демографски податоци од 2025 година во Македонија се родени 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст.

Посочи дека ако се навратиме една деценија порано кога бројот на новороденчиња беше околу 23.000 може да се види дека имаме значителен пад од 30 отсто за овие десет години и тоа треба да биде аларм кој ќе не наведе да имаме поголема грижа кон жените и целокупна поддршка во женското репродуктивно и семејно здравје.

– Во услови кога природниот прираст во државава е во значително опаѓање од особено значење е едукацијата и превенцијата на жените во сите фази во нивниот живот од школските години кога треба да научат како да го чуваат своето здравје и особено во репродуктивниот период и период на бременост кога тие се најранливи. Редовните акушерски прегледи во текот на бременост се многу важни бидејќи современата медицина нуди нови методи за предикција и превенција на различни компликации кои можат да се создадат и тие не само да се спречат, туку и да се појават во поблага форма со цел да се заштити здрвјето на мајката и новороденчето. Здравјето на жената е темел на секое општество и секој дом и семејство, а новородечињата се и надеж за ново утре во нашата држава, додаде проф.д-р Џикова.

Одговарајќи на новинарско прашање Тофоски рече дека цело време пробуваат да излобираат патот на жените при дијагноза на карцином од каков било тип да биде по забрзана трака, пристапот на пациентките во каква било состојба да биде лесен да можат да стигнат до соодветен специјалист или супспецијалист во одредената област. Тој нагласи дека точно е дека во одредени региони во Македонија нема доволно матични гинеколози, но нашиот систем остава голема слобода, така што може да живеете во Охрид, а имате матичен гинеколог во друг град, во Скопје или обратно, да живеете во Скопје, а матичниот гинеколог да ви е во Охрид.

– Не е дека има недостапност на матични гинеколози мислам дека жените треба да ги научиме да доаѓаат превентивно на прегледи. Тука се отвора проблемот за наплата од матичните гинеколози за одредени услови што државата треба да ги загарантира, а не ние да кажуваме само државата дава бесплатни прегледи, туку таа навистина да ги даде тие кои се суштински по медицина базирана на докази. Тоа не значи дека жените треба да одат нон стоп на доктор. Ако е докажано дека ПАП тестот е доволно да се прави еднаш во три години или ХПВ типизацијата на возраст над 30 години еднаш во пет години да се прави тогаш државата треба тој сегмент да го покрие. Се тоа што е помеѓу треба да се најде начин да се модификува на некој начин и да се овозможи пристап на жените меѓутоа тоа да биде поинаку структурирано, додаде проф.д-р Тофоски.



Поврзани содржини

Левица: ЕСМ и Узунчев не пријавиле штета за случајот со увоз на мазут – предметот падна поради директорот на Мицкоски.

15 мај 2026

Жена се породи во двор во Македонија среде ноќ – епилогот е трагичен

15 мај 2026

Мицкоски: Не е само Бугари во Уставот, опозицијата да се вразуми заеднички да го усвоиме Изборниот законик

15 мај 2026
НАЈНОВО

Левица: ЕСМ и Узунчев не пријавиле штета за случајот со увоз на мазут – предметот падна поради директорот на Мицкоски.

15 мај 2026

Канцеларот Мерц не би им препорачал на своите деца да студираат во САД

15 мај 2026

Жена се породи во двор во Македонија среде ноќ – епилогот е трагичен

15 мај 2026

МАГО: Редовните гинеколошки прегледи се клучни за навремено откривање и лекување на болестите

15 мај 2026

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго

15 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.