Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Извештајот за непотребните кардиохируршки интервенции не може да се објави поради ризик од идентификација на пациентите, вели Алиу

15 мај 2026

Македонија не се приклучи на специјалниот трибунал за гонење на Путин

15 мај 2026

Словачка сака руска нафта директно од Русија, не преку унгарски MОЛ

15 мај 2026

Судскиот совет времено го суспендира од судија в.д. претседателот на гостиварскиот суд, осомничен за примање мито

15 мај 2026

Унгарија обезбедува 575 милиони литри гориво од државните резерви

15 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 15
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Судскиот совет времено го суспендира од судија в.д. претседателот на гостиварскиот суд, осомничен за примање мито

Press OnlineBy Press Online15 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Како што информираа од Судскиот совет, за в.д. претседател на гостиварскиот Основен суд на местото на осомничениот Алији е определен Мирослав Петроски, судија во истиот суд



Судскиот совет денеска на итна седница донесе одлука времено да го оддалечи од вршење на судиската функција в.д претседателот на Основниот суд Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање мито од 8 000 евра.

Илустративна фотографија / Фото: Архива

Како што информираа од Судскиот совет, за в.д. претседател на гостиварскиот Основен суд на местото на осомничениот Алији е определен Мирослав Петроски, судија во истиот суд.

Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) вчера соопшти дека отворило истрага против Алији и судски администратор кои се гонат дека барале и примиле мито за да интервенираат кај судија во гостиварскиот суд и кај судии во Апелацискиот суд Гостивар во врска со граѓански спор.

Двајцата се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Според ОЈО ГОКК, осомничените делото го сториле во периодот од 2023 до 2025 година искористувајќи ја својата службена положба.

„Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8 000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејствие што не би смеело да се изврши“,соопштија вчера од ОЈО ГОКК.

Споделувајќи детали за случајот, оттаму наведуваат дека на почетокот на 2023 година осомничените му ветиле помош на лице што било странка во граѓански спор. За надомест од 5 000 евра тие требало да интервенираат кај судија во Основниот суд Гостивар да донесе решение за повторување на постапката за која била донесена одбиена пресуда.

Но, откако не успеале, тие пак побарале пари од лицето, овој пат 3 000 евра, за да влијаат кај судии во второстепениот суд за укинување на решението со кое не било дозволено повторување на постапката.

Износот од 800 евра на второосомничениот судски администратор му биле дадени подоцна за да заврши работа во врска со доставениот писмен документ од извршител.

На предлог на ОЈО ГОКК, Основниот кривичен суд Скопје, кој е единствено надлежен да постапува по предмети на ова обвинителство, на осомничениот судија и на судскиот администратор им одреди мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, одземање на пасошите и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

 

 

 

 

 



Поврзани содржини

Извештајот за непотребните кардиохируршки интервенции не може да се објави поради ризик од идентификација на пациентите, вели Алиу

15 мај 2026

Македонија не се приклучи на специјалниот трибунал за гонење на Путин

15 мај 2026

Британците со нов амбасадор во Македонија и со „кралска“ грешка во нивниот ПР

15 мај 2026
НАЈНОВО

Извештајот за непотребните кардиохируршки интервенции не може да се објави поради ризик од идентификација на пациентите, вели Алиу

15 мај 2026

Македонија не се приклучи на специјалниот трибунал за гонење на Путин

15 мај 2026

Словачка сака руска нафта директно од Русија, не преку унгарски MОЛ

15 мај 2026

Судскиот совет времено го суспендира од судија в.д. претседателот на гостиварскиот суд, осомничен за примање мито

15 мај 2026

Унгарија обезбедува 575 милиони литри гориво од државните резерви

15 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.