
Амбасадата на Обединетото Кралство во Македонија објави дека Маја Сивагнанам е назначена за нов амбасадор на Велика Британија во земјава, наследувајќи го досегашниот амбасадор Метју Лосон.
Таа треба да ја преземе функцијата во август 2026 година, пишува 48 часа.мк
Но, вниманието ни го привлече мал пропуст во официјалната објава на Инстаграм профилот на британската амбасада. Во текстот стои дека Сивагнанам е назначена за „Her Majesty’s Ambassador“, иако Обединетото Кралство во моментов има крал — Charles III.

Според актуелниот протокол, правилната титула треба да биде „His Majesty’s Ambassador“.
Станува збор за веројатно ненамерна грешка или користење стар шаблон од времето на кралицата Елизабета Втора, но пропустот не помина незабележано на социјалните мрежи.

