
Променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди се очекува денеска низ Македонија. Според прогнозата, претежно во крајните западни и источни делови од земјата ќе има услови за повремен локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 14 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината и повремено засилен северозападен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 7 до 20 степени.
Метеоролозите најавуваат дека и во текот на следната седмица ќе продолжи променливото време со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник и кон крајот на неделата.
Извор: skopje1.mk

