Бугарија со голема еуфорија ја пречека неочекуваната победа на Дара на Евровизија и тоа се претвори во извонреден политички настан со кој Бугарија сака да го претстави своето место во Европа.
„Бугарска победа со глобална резонанца! Еве што ни донесе Дара/Дарина Јотова на Евровизија. Честитки до девојката која со својот талент и професионализам ги проби сите заеднички размислувања и предрасуди на гласањето“, напиша премиерот Румен Радев на Фејсбук.
„Дара е уште еден доказ дека Бугарија може да победува. Честитки до БНТ и до целиот тим што придонесе за победата! Бугарија ја чека Европа и светот на Евровизија 2027!“, напиша Радев на социјалната мрежа.
Претседателката Илијана Јотова, исто така, ѝ честиташе на победничката. „Триумф за Дара. Триумф за Бугарија на Евровизија“, напиша претседателката Јотова на Фејсбук.
„Честитки до целиот тим што стои зад оваа решителна победа, честитки до Бугарската национална телевизија. Ви благодарам за силните емоции и инспирацијата“, напиша и Јотова.
Утринава градоначалникот на Софија Васил Терзиев изјави дека за Дара ќе биде послан црвен тепих во главниот град кога ќе пристигне.
„Софија се подготвува да ја пречека Дара во црвен тепих. Ќе разговараме со тимот како да го направиме најдобриот пречек, бидејќи таа го заслужува тоа“, рече Терзиев за Нова ТВ.
Се јави и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Бугарката Кристалина Георгиева. Таа ѝ честиташе на Дара за нејзината победа и ги пофали сите учесници што ги зближија милиони луѓе преку моќта на музиката.
„Ѝ честитам на Дара за нејзината победа на овогодинешниот Евровизиски натпревар и на сите изведувачи што ги зближија толку многу луѓе преку моќта на музиката. Со нетрпение го очекувам следното издание од мојата земја, Бугарија“, рече Георгиева.
Градоначалникот на Бургас веќе најави дека тој би сакал Евровизија следната година да се одржи во неговиот град.

