Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

19 мај 2026

Меркел повика на директни преговори на ЕУ со Русија

19 мај 2026

ДУИ бара одговорност од Астрит Исени за малтретирање студенти од Албанија што сакале да дојдат на протест во Скопје

19 мај 2026

Албанскиот амбасадор, Мејдани: Студентите бараат достоинство, а не привилегии

19 мај 2026

Се урна зграда во Германија: Спасувачите бараат преживеани, полицијата се сомнева во експлозија на гас

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ДУИ бара одговорност од Астрит Исени за малтретирање студенти од Албанија што сакале да дојдат на протест во Скопје

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара одговорност од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, обвинувајќи го за директен притисок и малтретирање студенти од Република Албанија.

Според партиското соопштение, студентите биле малтретирани со полициска придружба и изолирани, со единствена цел да им се оневозможи учество на студентскиот протест во Скопје.

Од ДУИ сметаат дека ваквите постапки се резултат на недостатокот на етнички легитимитет кај актуелните функционери од Влен.

„Недостатокот на национален легитимитет те прави слуга, а Астрит Исени блеска во таа улога. Браќа од Албанија, драги студенти, ви се извинуваме за овој срам од вазали како Астрит Исени и Влен“,

се вели во реакцијата на партијата.

 

Од партијата велат дека ги поздравуваат студентските протести, оценувајќи ги како демократски чин и изразувајќи целосна солидарност со барањата на младите.

„Решението е само едно – запрете ја дискриминацијата, почитувајте го и спроведувајте го Законот за употреба на албанскиот јазик. Ништо друго“додаваат од ДУИ.

Денеска со реакција се јави и амбасадорот на Република Албанија во земјава, Денион Меидани, кој во објава на Фејсбук вели дека студенти од Албанија биле запрени и заплашувани додека патувале кон Скопје за да изразат солидарност со нивните колеги од Македонија.

„Кога студентите се запираат, задржуваат и заплашуваат додека патуваат за мирно да изразат солидарност за јазично право, прашањето престанува да биде само процедурално. Тоа влијае на самото демократско разбирање и европскиот дух што се стремиме да го изградиме како регион“,

пишува Меидани. 

Тој вели дека студентите од Тирана патувале во Република Северна Македонија не за судири, туку за „граѓанска солидарност и за да поддржат едно елементарно барање: правото да бидат тестирани и да ја вршат својата професија на мајчин јазик“.

„Овие млади луѓе не бараат привилегии. Тие бараат достоинство, еднаквост и почитување на основните права. И барањето за достоинство никогаш не треба да се сфаќа како закана, особено во земјите кои се стремат да се приклучат кон европското семејство и да ја градат својата иднина врз вредностите на демократијата, еднаквоста и основните права“додава тој.

Инаку, вчера во Скопје се одржа протест под слоганот „Обединете се со студентите – сите заедно“ и е втор собир организиран од студентите на кој тие бараат да се овозможи полагање на правосудниот испит на албански јазик.

Поврзани содржини

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

19 мај 2026

Албанскиот амбасадор, Мејдани: Студентите бараат достоинство, а не привилегии

19 мај 2026

Албански студенти од Тирана патуваа во Република Македонија за да го поддржат вчерашниот протест во Скопје

19 мај 2026
НАЈНОВО

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

19 мај 2026

Меркел повика на директни преговори на ЕУ со Русија

19 мај 2026

ДУИ бара одговорност од Астрит Исени за малтретирање студенти од Албанија што сакале да дојдат на протест во Скопје

19 мај 2026

Албанскиот амбасадор, Мејдани: Студентите бараат достоинство, а не привилегии

19 мај 2026

Се урна зграда во Германија: Спасувачите бараат преживеани, полицијата се сомнева во експлозија на гас

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.