Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Судиите, јавните обвинители и адвокатите задолжително треба да го владеат службениот правен јазик!

21 мај 2026

Маѓар ќе ги ограничи премиерите на осум години на функција, спречувајќи го враќањето на Орбан

21 мај 2026

Левица: Дали МВР И Панче Тошковски намерно го прикриваат шпионскиот скандал во кабинетот на Сиљановска?!

21 мај 2026

Европска комисија: Нови Сад е меѓу најуспешните европски престолнини на културата

21 мај 2026

ВИДЕО: Со жив штит се спречува затворањето на нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар

21 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“ објави Скопје1.мк

Press OnlineBy Press Online21 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му возврати на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, откако тој оцени дека таа „паднала на испит“ во Словенија и дека со своите ставови ја слабее македонската позиција во евроинтеграциите.



На новинарско прашање како ги коментира тие изјави, Сиљановска-Давкова рече дека никогаш во животот не паднала на испит.

„Не знам дали да коментирам вакви изјави. Никогаш не сум паднала на испит, ни на факултет, а во Словенија докторскиот испит сум го положила со одлика. Значи, со највисок успех“, изјави претседателката.

Таа посочи дека во Словенија говорела на научен јазик и дека темата била уставниот инженеринг, при што Македонија била студија на случај.

„Пред мене беа сите членови на мојата докторска комисија, иако се тоа луѓе со многу години, моите колеги исто така, амбасадори, јас говорев на научен јазик, говорев за уставниот инженеринг којшто не е нов феномен, којшто е стар феномен, меѓутоа студијата на случај се разбира беше мојата земја“, рече Сиљановска-Давкова.

Претседателката нагласи дека секогаш ги бранела националните интереси и дека не се чувствува инфериорно во однос на другите држави.

„Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не доликува, секогаш сум ги бранела националните интереси, преку политика заснована на докази, никаде не се чувствувам инфериорно“, кажа таа.

Додаде дека нејзината заложба е Македонија да биде третирана еднакво како и останатите држави во Европа.

„Она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави“, изјави Сиљановска-Давкова.

Во однос на Европската унија, претседателката рече дека често потсетува на основните европски принципи и вредности.

„Уставното право е мојата страст. Европската унија нема кодифициран устав, но има уставни документи, јас сум предавала и европско уставно право и се разбира дека повикувам на основните принципи и вредности коишто се толку важни за Европската унија, што за нив има и судска заштита“, рече таа. објави Скопје1.мк



Поврзани содржини

Судиите, јавните обвинители и адвокатите задолжително треба да го владеат службениот правен јазик!

21 мај 2026

Левица: Дали МВР И Панче Тошковски намерно го прикриваат шпионскиот скандал во кабинетот на Сиљановска?!

21 мај 2026

ВИДЕО: Со жив штит се спречува затворањето на нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар

21 мај 2026
НАЈНОВО

Судиите, јавните обвинители и адвокатите задолжително треба да го владеат службениот правен јазик!

21 мај 2026

Маѓар ќе ги ограничи премиерите на осум години на функција, спречувајќи го враќањето на Орбан

21 мај 2026

Левица: Дали МВР И Панче Тошковски намерно го прикриваат шпионскиот скандал во кабинетот на Сиљановска?!

21 мај 2026

Европска комисија: Нови Сад е меѓу најуспешните европски престолнини на културата

21 мај 2026

ВИДЕО: Со жив штит се спречува затворањето на нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар

21 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.