Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Гаши: Имам право да го прекинам премиерот, но се трудам да не упаѓам во збор на никому

21 мај 2026

Врховниот суд на Шпанија го укинува националниот регистар за изнајмување туристички објекти

21 мај 2026

Бујар Османи во Атина: Го поддржувам предлогот на Мерц – постепената интеграција не е алтернатива за полноправно членство во ЕУ

21 мај 2026

Суд во Турција го поништи изборот за лидер на главната опозициска партија

21 мај 2026

Украина тврди дела убила стотина Руси во два напади во окупираниот регион

21 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Бујар Османи во Атина: Го поддржувам предлогот на Мерц – постепената интеграција не е алтернатива за полноправно членство во ЕУ

Press OnlineBy Press Online21 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц го испрати до лидерите на земјите членки на Европската Унија во кое предлага иновативни решенија за процесот на проширување на Унијата, веќе станува тема на дебата во европските кругови, а почнаа да пристигаат и првите реакции и ставови за неговата содржина од домашните политичари. На предлозите на Мерц денеска се осврна потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и поранешен министер за надворешни работи на земјава, Бујар Османи.



Бујар Османи говори на денешниот панел „Безбедноста на Европа на раскрсница“ во рамките на Атинскиот безбедносен самит/ Фото: Фејсбук-профил на Бујар Османи
На панелот насловен „Безбедноста на Европа на раскрсница“ во рамките на Атинскиот безбедносен самит, на кој се дискутираше за новите безбедносни предизвици во Европа по руската агресија врз Украина и импликациите за регионот на Западен Балкан, стана збор и за писмото или, како што уште го нарекуваат, нонпејперот на Мерц.

Османи во својата дискусија на панелот рече дека го поддржува писмото на германскиот канцелар во кое предлага постепена интеграција на земјите кандидатки во ЕУ, посочувајќи како и Мерц дека не станува збор за некаква алтернатива на полноправното членство. Осврнувајќи се на темата, тој, условно кажано, го отвори прашањето околу авторството на идејата, за што, во шеговита смисла, кажа дека не се обидува да се расправа со германскиот канцелар. Имено, поранешниот шеф на македонската дипломатија потсети на нонпејперот што во 2023 година го објави Министерството за надворешни работи, а во кое се говореше за повеќе интеграција пред членство во ЕУ и објасни што значи тоа.

„Го споменавте писмото што денес канцеларот Мерц го испрати до Европската Унија за постепената интеграција, и не се обидувам да се расправам со него околу авторството на идејата, само за да објаснам што значи тоа. Во 2023 година, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија објави нонпејпер што го нарековме ‘повеќе интеграција пред членство’ и никогаш не го замислуваме како алтернатива на полноправното членство. Значи, полноправното членство останува конечен исход. Но, она што го сфаќаме е дека процесот е бинарен, нема ништо сè до самото членство, а потоа добивате сè и ова доаѓа како шок за земјите членки на ЕУ и затоа тие постојано го одложуваат, a кандидатите се фрустрирани. Затоа помисливме дека можеме постепено да го направиме процесот посуштински и тоа го предвидовме три столба, од кои едно е учество во политичкото тело на Европската Унија, бидејќи кандидатите ги исполнуваат критериумите“,
рече Османи.

Како пример, тој ја наведе Северна Македонија, која, како што рече, за време на неговиот мандат како шеф на дипломатијата 100 проценти се приспособи на заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, но и покрај тоа не добила место во Советот за надворешни работи на ЕУ.

„И испратив писмо до тогашните високи претставници зошто не седам на масата на Советот за надворешни работи, бидејќи ние 100% влегуваме во единствениот пазар постепено, бидејќи земјата кандидат ги исполнува критериумите и исто така стануваме подобни за кохезивна и структурна интеграција, бидејќи ги исполнуваме критериумите. Така, земјите почнуваат да ги чувствуваат придобивките од процесот на патот кон интеграција, а земјите членки (на ЕУ) не доаѓаат во шок, туку постепено ги вклучуваат земјите. И затоа го поддржувам тоа, како што го поддржувам ова писмо на канцеларот, но повторно да објаснам дека ова не е алтернатива на конечното членство ниту за Украина, ниту за земјите од Западен Балкан“,

рече потпретседателот на ДУИ и ексминистер за надворешни работи.
За помалку упатените, во писмото до лидерите на Европската Унија, германскиот канцелар предлага Украина да добие модел на „асоцијативно членство“ како преодна фаза кон полноправно членство. Тој модел би овозможил учество на украинските претставници во работата на институциите на ЕУ без право на глас, како и постепена примена на европското законодавство.

Во однос на Западен Балкан и Молдавија, Мерц предлага забрзана и постепена интеграција преку привилегиран пристап до внатрешниот пазар на ЕУ и поблиско вклучување во европските институции.

Според него, ваквиот пристап би можел да создаде нова динамика во процесот на проширување и да ги поттикне реформите во земјите кандидати, но и да ја зајакне геополитичката улога на Европската Унија.

Говорејќи за руската агресија врз Украина, како една од главните теми, Османи рече дека се согласува со насловот на панелот дека агресијата не била само војна, туку на некој начин психолошко отрезнување за Европа во смисла на разбирањето на нејзината безбедносна структура. Според него, старата безбедносна архитектура е нарушена и Европа треба да изгради своја, но не надвор од Трансатланската алијанса – НАТО, туку во нејзини рамки.

„Јас за време на мојот мандат, како министер за надворешни работи, бев сведок на различни заклучоци и проценки, но еден заклучок остана непроменет, а тоа е дека старата безбедносна архитектура на Европа е нарушена или е скршена и, сакале или не, Европа треба да изгради своја безбедносна архитектура. И не мислам надвор од Трансатлантската алијанса, туку на сопствената архитектура во рамките на Трансатлантската алијанса. Прво, мислам дека Европа треба да го заврши својот проект за проширување затоа што треба да ги пополни своите празнини, особено Западен Балкан, што е нејзината слаба точка. Второ, Европа треба да брза во исполнувањето на целта на НАТО од 5 проценти (издвојувања од БДП за одбрана н.з.) дури и пред 2035 година. Европа треба да добие посилна тврда моќ, не само во конвенционалната одбрана и одвраќање, туку и во кинетичката моќ, далечинската помош, брзата интервенција. Значи, не ја гледаме ситуацијата како што беше пред четири години во Украина“,рече Османи.

Друг предизвик за безбедноста на Европа, рече тој, е отпорноста, односно градењето отпорност против хибридните закани и влијанија, каде, според него, Европа има различно ниво на подготвеност. Во тој контекст, тој направи спофредба со балтичките и нордиските земји.

„Ако ги видите балтичките и нордиските земји, ќе видите подобра подготвеност во соочувањето со хибридните предизвици или она што ние го велиме дека се способни да го заштитат когнитивниот суверенитет на своите луѓе“,рече тој.



Поврзани содржини

Гаши: Имам право да го прекинам премиерот, но се трудам да не упаѓам во збор на никому

21 мај 2026

Скопските клиники барале од Фондот да им ги наплаќа услугите на болниците кои им преупатуваат пациенти

21 мај 2026

Судиите, јавните обвинители и адвокатите задолжително треба да го владеат службениот правен јазик!

21 мај 2026
НАЈНОВО

Гаши: Имам право да го прекинам премиерот, но се трудам да не упаѓам во збор на никому

21 мај 2026

Врховниот суд на Шпанија го укинува националниот регистар за изнајмување туристички објекти

21 мај 2026

Бујар Османи во Атина: Го поддржувам предлогот на Мерц – постепената интеграција не е алтернатива за полноправно членство во ЕУ

21 мај 2026

Суд во Турција го поништи изборот за лидер на главната опозициска партија

21 мај 2026

Украина тврди дела убила стотина Руси во два напади во окупираниот регион

21 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.