Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Тешка сообраќајна несреќа на обиколница во Скопје

22 мај 2026

Филипче: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавена кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

22 мај 2026

„Ер Франс“ и „Ербас“ прогласени за виновни за падот на летот Рио-Париз во 2009 година

21 мај 2026

Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

21 мај 2026

Гаши: Имам право да го прекинам премиерот, но се трудам да не упаѓам во збор на никому

21 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

Press OnlineBy Press Online21 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека Северна Македонија обезбедила најмногу средства во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи на Европската Унија. Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот ги отфрли критиките од опозицијата, нагласувајќи дека државата од последна во групата на шестте земји од Западен Балкан, сега се наоѓа на првото место.

Според тврдењата на Мицкоски, по интензивната комуникација со генералниот директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Герт Јан Копман, Владата очекува потврда на оваа лидерска позиција и во јунскиот извештај.

„Очекувам оваа позиција да ја потврдиме… и овие триесетина, триесет и еден милион коишто се директна буџетска поддршка на крајот од годината, да се доближиме до бројката 100. Директна буџетска поддршка кога на тоа ќе се додадат и финансирањата и средствата предвидени за проекти, таа бројка ќе биде неколку стотици милиони евра“, посочи премиерот.

Во своето обраќање, Мицкоски употреби остар речник кон критичарите на владините политики, квалификувајќи ги како „глодари“ и „талог на општеството“, кои, како што рече, се молат Владата и државата да не успеат. Тој ги отфрли претходните предупредувања на опозицијата за наводен бран мигранти и можен државен банкрот, тврдејќи дека македонската економија бележи раст на БДП кој е меѓу првите три до пет во Европа.

„Сите оние коишто се молат да не успее оваа Влада, а на тој начин се молат да не успее и државата и граѓаните, за жал имам лоша вест за нив, ќе мора да сведочат на многу успеси коишто ги прави оваа Влада“, изјави Мицкоски.

Премиерот директно ја обвини претходната власт на СДСМ и ДУИ за, според неговите зборови, „политики на ограбување, понижување и коленичење“, кои оставиле голема трага во изминатите седум години. На крајот, Мицкоски порача дека актуелната Влада ги исправа тие грешки и дека политичките противници наскоро ќе станат „политичко минато“.

На веста за доделените средства реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој на денешната прес-конференција обвини дека Владата на Мицкоски со неспроведување на реформите го блокира европскиот план на државата и ја лишила Македонија од речиси 200 милиони евра европски средства.

 

„Наместо 134 милиони евра, плус 60 милиони од незавршените обврски од 2024 година, сега ние да ги добиеме, ако оваа Влада имаше вистинска намера и капацитет и работеше добро, можевме да добиеме близу 200 милиони евра, а добиваме само 65“, рече Филипче, предупредувајќи дека постои ризик државата да остане надвор од идните европски буџетски рамки. Тој потенцираше дека сака да укаже и да ги предупреди граѓаните да бидат свесни дека ова можеби се едни од последните пари што ги добиваме од Европската Унија. „Сега кога Европската Унија ги прави следните буџети, кои се прават за седумгодишни периоди, а ние не правиме чекор напред кон Европската Унија, можно е воопшто да не влеземе во новото буџетирање на Европската Унија“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче ја обвини власта дека креира лажна слика во јавноста и посочи дека во 2024 година завршени се само близу 50% од реформите, во првата половина на 2025 година 25% од реформите, а во втората половина, заклучно со 10 декември 2025 година, само 16% од реформите. Според Филипче, тоа што државата зела само 60 милиони од можни 200 говори дека Владата на Христијан Мицкоски не работи на европскиот пат.

Поврзани содржини

Тешка сообраќајна несреќа на обиколница во Скопје

22 мај 2026

Филипче: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавена кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

22 мај 2026

Гаши: Имам право да го прекинам премиерот, но се трудам да не упаѓам во збор на никому

21 мај 2026
НАЈНОВО

Тешка сообраќајна несреќа на обиколница во Скопје

22 мај 2026

Филипче: СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање, најавена кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

22 мај 2026

„Ер Франс“ и „Ербас“ прогласени за виновни за падот на летот Рио-Париз во 2009 година

21 мај 2026

Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

21 мај 2026

Гаши: Имам право да го прекинам премиерот, но се трудам да не упаѓам во збор на никому

21 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.