Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

21 мај 2026

Филипче: Младите не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот

21 мај 2026

Депонијата е потрупана и во наредните денови ќе биде целосно санирана, вели градоначалникот на Радовиш

21 мај 2026

Претседателот на ДУИ Ахмети оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ Рокас

21 мај 2026

Силекс го освои фудбалскиот Куп на Македонија и избори пласман во УЕФА Конференциската лига

21 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче: Младите не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот

Press OnlineBy Press Online21 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Младите не гледаат шанса во државата, не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“. Филипче посочи дека без европски вредности и реформи државата ќе продолжи да се соочува со одлив на млади кадри.

„Првиот чекор што треба да се направи е да се направат Уставни измени.Ние можеме до утре да дебатираме за вредностите на Европската Унија, за тоа како ќе ги вратиме општествените вредности, нема да ги вратиме без ова. Ќе биде уште полошо и уште повеќе ќе се иселуваат младите и нема да гледаат шанса тука. Не поради стандардот кој што во нашите истражувања младите го ставаат на второ место како причина за иселување, туку поради тоа што немаме систем и никој не верува веќе дека може да го воспоставиме. Поради бруталната партизација која што продолжува на секое ниво. Поради немањето никакви суштински реформи во образованието, кои што нема да се случат без Европската Унија“, рече Филипче.

Во обраќањето, Филипче потенцираше дека е потребна искреност пред младите и јасна определба за европската иднина на државата.

„Напишавме предлог-резолуција да се обединиме околу националните интереси, после гласањето на уставните измени нема преговори за било која идентитетска одредница. Ниту една партија не одговори. Од што се плашиме, ако сите седиме заедно на масата за тие работи? Се знае кој е првиот чекор. Треба да бидеме брутално искрени, ако особено пред младите луѓе кои што седат тука. Која е таа алтернатива која ја бараме? Ветуваше власта дека нешто ќе промени? Еве, видовме дека не можат. И кога ветуваат, јас сум сигурен дека знаат дека не ја кажуваат вистината“, рече Филипче.

Тој додаде дека граѓаните повеќе немаат доверба во правосудството и институциите, а младите сè помалку веруваат дека имаат перспектива во државата.

„Луѓето немаат верба повеќе. Може ли да се врати вербата во правосудството? Не може без европското правосудство. Не веруваат луѓето повеќе. Ќе ја вратат ли вербата младите да останат во земјата? 80% од моите студенти учат германски јазик, сакаат да си одат“, рече Филипче.

Поврзани содржини

Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

21 мај 2026

Депонијата е потрупана и во наредните денови ќе биде целосно санирана, вели градоначалникот на Радовиш

21 мај 2026

Претседателот на ДУИ Ахмети оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ Рокас

21 мај 2026
НАЈНОВО

Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

21 мај 2026

Филипче: Младите не си заминуваат само поради стандардот, туку затоа што не веруваат во системот

21 мај 2026

Депонијата е потрупана и во наредните денови ќе биде целосно санирана, вели градоначалникот на Радовиш

21 мај 2026

Претседателот на ДУИ Ахмети оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ Рокас

21 мај 2026

Силекс го освои фудбалскиот Куп на Македонија и избори пласман во УЕФА Конференциската лига

21 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.