Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Никој во Владата не кажува дали вицепремиерот Фетаи зема плата и покрај тоа што од март не се појавил на работа

22 мај 2026

Тулси Габард поднесе оставка како директор на Националното разузнавање на САД

22 мај 2026

Сиљановска Давкова: Преферирам полноправно членство во ЕУ, но може да се видат алтернативите и на кого се однесуваат

22 мај 2026

Потврдено обвинението за убиство на малата Данка во Србија, телото сè уште не е пронајдено

22 мај 2026

Јаневска откри каде ќе завршат парите од ЕУ: Министерството за финансии ќе одреди колку ќе добие образованието

22 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање

Press OnlineBy Press Online22 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот во заминување на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека парламентарните избори одржани на крајот на март се нелегитимни поради директно мешање на израелските разузнавачки служби – пренесува словенечката национална телевизија РТВ Сло.

Ваквото обвинување на Голоб доаѓа во моментите кога официјално е формирана владината коалиција со Словенечката демократска партија (СДП) предводена од Јанез Јанша, чиј владин кабинет денеска треба да биде изгласан во словенечкиот парламент. Инаку, на изборите одржани на 22 март, партијата на Голоб, Движење Слобода, освои релативно мнозинство гласови, но тој не успеа да обезбеди коалициски партнери за формирање стабилно парламентарно мнозинство.

Словенечките избори добија меѓународна димензија откога Голоб алармира за средби меѓу претставници на приватната израелска разузнавачка компанија „Блек кјуб“ (Black Cube) и Јанша. Иако лидерот на СДП првично ги отфрли тврдењата како обид за дефокусирање од внатрешните проблеми, тој подоцна потврди дека остварил средби со претставници на компанијата. Пред формирањето на коалицијата на Јанша во јавноста повторно се појавија предупредувања за паравоени разузнавачки влијанија врз изборниот процес поради што беа поднесени и две жалби до Уставниот суд, а заседаваше и Секретаријатот на Советот за национална безбедност.

Голоб на социјалната мрежа Икс напиша дека аферата „Блек кјуб“ покажува оти Јанша е подготвен да ја предаде сопствената држава.

„Се стигна дотаму што некој кој сака да добие мандат за влада буквално ја демонтира словенечката полиција за да ги уништи доказите за аферата да не излезе на виделина. Со ова мора да се позанимава Уставниот суд, бидејќи станува збор за странско мешање во нашите избори со единствена цел – преку лажни информации да се влијае врз слободната волја на граѓаните“, изјави Голоб во интервју за РТВ Сло.

Тој додаде  дека поради цврстото уверување во нелегитимноста на процесот, неговата партија е подготвена да отстапи и да му ја препушти власта на технички премиер, со цел да се организираат нови и чесни избори на кои граѓаните точно ќе знаат за што гласаат.

Поврзани содржини

Потврдено обвинението за убиство на малата Данка во Србија, телото сè уште не е пронајдено

22 мај 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

22 мај 2026

И Турција сака да биде „голема“, аларм во Атина и во Брисел

22 мај 2026
НАЈНОВО

Никој во Владата не кажува дали вицепремиерот Фетаи зема плата и покрај тоа што од март не се појавил на работа

22 мај 2026

Тулси Габард поднесе оставка како директор на Националното разузнавање на САД

22 мај 2026

Сиљановска Давкова: Преферирам полноправно членство во ЕУ, но може да се видат алтернативите и на кого се однесуваат

22 мај 2026

Потврдено обвинението за убиство на малата Данка во Србија, телото сè уште не е пронајдено

22 мај 2026

Јаневска откри каде ќе завршат парите од ЕУ: Министерството за финансии ќе одреди колку ќе добие образованието

22 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.