Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Никој во Владата не кажува дали вицепремиерот Фетаи зема плата и покрај тоа што од март не се појавил на работа

22 мај 2026

Тулси Габард поднесе оставка како директор на Националното разузнавање на САД

22 мај 2026

Сиљановска Давкова: Преферирам полноправно членство во ЕУ, но може да се видат алтернативите и на кого се однесуваат

22 мај 2026

Потврдено обвинението за убиство на малата Данка во Србија, телото сè уште не е пронајдено

22 мај 2026

Јаневска откри каде ќе завршат парите од ЕУ: Министерството за финансии ќе одреди колку ќе добие образованието

22 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Студентите во блокада во Србија утре со нов протест во Белград

Press OnlineBy Press Online22 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Белград –    Студентите во блокада во Србија за утре најавија протест во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, на местото каде што пред нешто повеќе од една година се одржа еден од најголемите собири во изминатите неколку децении во Србија. Тие меѓу другото, ќе го повторат своето клучно барање до властите – распишување вонредни парламентарни избори, и ќе најават некои понатамошни чекори. 

Протестот на плоштадот Славија во Белград на 23 мај ќе трае од 18 до 20 часот. Во објава на Инстаграм, тие изјавија дека пред митингот, граѓаните ќе се соберат на четири локации, од каде што ќе се упатат кон Славија. Собирањето е закажано за од 14 до 17 часот на Земјоделскиот факултет во Земун, Правниот факултет, Автокоманда и Плоштадот на Републиката. „Студентите и народот победуваат“, заклучија тие во објавата на социјални мрежи.

Иако за некои претходни собири се зборуваше како за можен „Ден Д“ и слично, тоа не е случај со овој протест. Покрај потсетувањето на нивните барања и како сето ова започна, што трае веќе година и пол, студентите во блокада ќе ги објават следните чекори, уште еднаш ќе посочат за што се залагаат и, како што истакнаа некои од нив, „ќе ја претстават Србија каква што сакаме да ја видиме во иднина и каква што сите ќе ја направиме заедно, преку организирани напори“. 
Засега нема најава за презентирање програма и имиња за нивна изборна листа иако деновиве, тие уште еднаш повторија дека имињата на листата се избрани исклучиво од нив и тоа се луѓе со интегритет кои претходно не биле на функции.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа објави дека изборите ќе се одржат во периодот „од крајот на септември до средината на ноември“, повторно повикувајќи ги „блокадерите“ на дијалог. Вучиќ изјави за РТС дека се бори за обединета Србија, но дека таквата земја не значи еден ум.
„Ќе биде јасно по изборите – кој и да има мнозинство, го спроведува тој план и програма. Како што ќе одлучат граѓаните, ние веднаш ќе ги признаеме резултатите“, најави Вучиќ.

Поврзани содржини

Потврдено обвинението за убиство на малата Данка во Србија, телото сè уште не е пронајдено

22 мај 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

22 мај 2026

И Турција сака да биде „голема“, аларм во Атина и во Брисел

22 мај 2026
НАЈНОВО

Никој во Владата не кажува дали вицепремиерот Фетаи зема плата и покрај тоа што од март не се појавил на работа

22 мај 2026

Тулси Габард поднесе оставка како директор на Националното разузнавање на САД

22 мај 2026

Сиљановска Давкова: Преферирам полноправно членство во ЕУ, но може да се видат алтернативите и на кого се однесуваат

22 мај 2026

Потврдено обвинението за убиство на малата Данка во Србија, телото сè уште не е пронајдено

22 мај 2026

Јаневска откри каде ќе завршат парите од ЕУ: Министерството за финансии ќе одреди колку ќе добие образованието

22 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.