Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар

22 мај 2026

Еболата во ДР Конго брзо се шири

22 мај 2026

Индиски државјанин уапсен во Карпош, пронајдена марихуана

22 мај 2026

И Турција сака да биде „голема“, аларм во Атина и во Брисел

22 мај 2026

Професор приправник во училиште во Демир Хисар фалсификувал потпис на својот ментор

22 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

НИКОЛОСКИ: Следната година се пушта една лента од Прилеп-Битола, „Левица“ штити сопственици на вили кои може да ја чинат државата 100 милиони евра

Press OnlineBy Press Online22 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прогресот на автопатите на Коридорот 8 се одвива според планираното и тие ќе бидат изградени во предвидениот рок до 2029 година. Ова го истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервју за ТВ Сител, најавувајќи дека веќе следната година ќе биде пуштена за сообраќај една лента од новиот автопат на делницата Прилеп-Битола.

Во интервјуто, Николоски посочи на конкретен проблем со десетина сопственици на вили во прилепското село Ореовец, кои, како што рече, го блокираат пристапот до наоѓалиштето од каде што треба да се црпи материјал за изградба на автопатот. Во тој контекст, тој упати и директна критика до политичката партија Левица.

„Единствено останува со овие буџованиве од Ореовец да го решиме проблемот. Има таму десетина сопственици на вили, кои што блокираат пристап до наоѓалиштето… Мирот им се нарушува, веројатно кога слушаат таму пријатна музика и кога поминуваат камионите, но тоа нарушување на мир чини некаде околу стотина милиони евра“, изјави Николоски.

Вицепремиерот јавно праша зошто партијата Левица ги штити овие сопственици: „Гледам политичката партија Левица се залепи на ова, па фер е да ги прашаме како дефинирани левичари, како тоа сака државатa да потроши 100 милиони евра повеќе. Секако дека ќе решиме, но ова се добри морални прашања кои што се отвораат“.

Осврнувајќи се на останатите автопатски делници, Николоски информираше дека трасата Тетово-Гостивар, иако навидум изгледа како најлесна, во суштина е најтешка поради големиот број објекти што треба да се дислоцираат. Од друга страна, за делницата Гостивар-Букојчани, која го заобиколува превојот Стража, тој нагласи дека прогресот е добар и веќе се пробиени 18 километри.

На крајот, вицепремиерот заклучи дека автопатот Прилеп-Битола е најдолгиот автопат што поединечно се гради во државата и дека Владата става голем фокус на овој проект. Тој изрази уверување дека сите три автопатски делници (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) ќе бидат целосно завршени во рамките на предвидениот рок.

Поврзани содржини

Ѓорѓиевски: Ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар

22 мај 2026

Индиски државјанин уапсен во Карпош, пронајдена марихуана

22 мај 2026

Професор приправник во училиште во Демир Хисар фалсификувал потпис на својот ментор

22 мај 2026
НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Ќе се реши проблемот со дивиот пешачки премин кај Бит-пазар

22 мај 2026

Еболата во ДР Конго брзо се шири

22 мај 2026

Индиски државјанин уапсен во Карпош, пронајдена марихуана

22 мај 2026

И Турција сака да биде „голема“, аларм во Атина и во Брисел

22 мај 2026

Професор приправник во училиште во Демир Хисар фалсификувал потпис на својот ментор

22 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.