Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Суво дрво се скрши и оштети возило на улица во Скопје

2 јуни 2026

Нервоза кај олигарсите на Орбан. Унгарија ќе воведува данок на богатство

2 јуни 2026

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни почести пречекана во Братислава

2 јуни 2026

Дубаи за џабе: Не плаќате сместување, парите ги трошите на спа-центри и ресторани

2 јуни 2026

Албанското специјално обвинителство отвори истрага за проектот поврзан со зетот на Трамп

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ДУИ: Од рент-а-кар до луксузни апартмани – од каде капиталот на Недим Рама

Press OnlineBy Press Online23 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска изнесе нови тврдења поврзани со имотната состојба и деловните активности на директорот на НОМАГАС, Недим Рама, повикувајќи ги надлежните институции веднаш да го испитаат потеклото на неговиот капитал.

Од партијата велат дека Рама се јавува како косопственик на компанијата за изнајмување автомобили „ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје“, заедно со Анид Шазивари, за кого тврдат дека е партиски донатор на коалицијата Влен. Според ДУИ, оваа фирма се наоѓа на официјалната листа на рент-а-кар компании на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

„Го прашуваме Недим Рама: со колкав капитал и од кои извори се обезбедени средствата за набавка на овие возила и колкава е нивната вредност?“,

прашуваат од ДУИ во партиското соопштение.

Покрај бизнисот со автомобили, ДУИ по извршениот увид во Катастарот тврди дека со Рама се поврзани и два луксузни апартмани во Маврово – едниот во негова лична сопственост, а вториот на име на фирмата „ЛИНЕ ЛТД ДОО“. Во еден од имотните листови, како што наведуваат од партијата, како сосопственик со половина удел се појавува и Лирим Хајредини.

Од ДУИ прашуваат и дали зад, како што велат, овој брз раст на капиталот и деловните активности постои поширока политичко-бизнис мрежа блиска до Изет Меџити.

Поради изнесените тврдења, опозициската партија упати повик до Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство (ОЈО) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) веднаш да извршат детална проверка на финансиските текови, потеклото на капиталот и целокупната имотна состојба на директорот на НОМАГАС.

„Транспарентноста не смее да биде селективна, особено кога станува збор за јавни функционери. Одговор мора да има за секој денар, за секоја инвестиција и за секој имот што се појавува во јавноста“, порачуваат од ДУИ.

Од ДУИ и изминатите денови изнесуваа тврдења дека има скриен имот и судир на интереси на Недим Рама, соработник на Изет Меџити. Според партијата, Рама не пријавил сопственост во фирма и остварувал приходи од институции каде што истовремено работел.

Според нивните податоци, во јули 2023 година фирмата добила исплата од 70 446 денари од Општина Чаир во период кога Рама бил вработен токму во оваа општина.

Претходно го обвинија Рама тврдејќи дека тој повеќе од четири месеци одбива да поднесе анкетен лист за неговата имотна состојба до Антикорупциската комисија (ДКСК).

Извор: 360stepeni.mk 



Поврзани содржини

Суво дрво се скрши и оштети возило на улица во Скопје

2 јуни 2026

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни почести пречекана во Братислава

2 јуни 2026

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Суво дрво се скрши и оштети возило на улица во Скопје

2 јуни 2026

Нервоза кај олигарсите на Орбан. Унгарија ќе воведува данок на богатство

2 јуни 2026

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни почести пречекана во Братислава

2 јуни 2026

Дубаи за џабе: Не плаќате сместување, парите ги трошите на спа-центри и ресторани

2 јуни 2026

Албанското специјално обвинителство отвори истрага за проектот поврзан со зетот на Трамп

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.