Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Нервоза кај олигарсите на Орбан. Унгарија ќе воведува данок на богатство

2 јуни 2026

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни почести пречекана во Братислава

2 јуни 2026

Дубаи за џабе: Не плаќате сместување, парите ги трошите на спа-центри и ресторани

2 јуни 2026

Албанското специјално обвинителство отвори истрага за проектот поврзан со зетот на Трамп

2 јуни 2026

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Албанското специјално обвинителство отвори истрага за проектот поврзан со зетот на Трамп

Press OnlineBy Press Online2 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) започна истрага за проектот за луксузно одморалиште на островот Сазан во Јадранското Море и заштитеното крајбрежно подрачје Вјоса-Нарта, поврзано со компанијата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

-Истрагата главно е поврзана со постапките околу контроверзните промени во заштитениот статус на подрачјето и промените во сопственоста на тоа земјиште во 2024 година. Во рамки на истрагите се спроведени контроли и преземени се активности за запленување на документација поврзана со административните постапки и релевантното донесување одлуки, објавија медиумите.

Како одговор на интересот на медиумите за ова прашање, од  СПАК потврдиле дека истрагите се во тек, без да дадат дополнителни детали.

-Како одговор на вашето прашање, тоа е под истрага и немаме коментари, соопштила прес-службата на СПАК.

Проектот го вклучува ненаселениот остров Сазан, поранешна воена база, и неколку стотици хектари од заштитената крајбрежна област Вјоса-Нарта, богат со фламинга, фоки и место за гнездење на морски желки.

Со измените донесени во 2024 година, само со гласовите на владејачкото мнозинство, заштитените зони во Албанија биле отворени за развој на туристички комплекси со пет ѕвезди, но дел од познавачите на состојбите тврдат дека законската измена била направена специјално за проектот поврзан со Кушнер.

Проектот, за кој инвеститорот ветува дека ќе се одвива по строго законски процедури, тврдејќи дека истиот ќе создаде повеќе од 10.000 работни места. Вредноста според медиуми се проценува на околу четири милијарди долари (3,43 милијарди евра), опфаќа приближно 250 хектари во рамките на мочуришниот и лагунскиот екосистем Нарта–Звернец.

Кушнер, кој раководи со „Афинити партнерс“, во август 2024 година откри планови да ја претвори локацијата во Албанија во луксузен ресорт со околу 10.000 соби. На почетокот на годинава, тој ја посети областа со сопругата Иванка.

Во меѓувреме протестите на граѓански организации, поддржани од голем број граѓани, продолжуваат, со барање за стопирање на проектот и оставка од премиерот. Во изминатите два дена протести одржани се во Тирана, пред зградата на МВР и пред влада, претходно во Зврнец, каде имаше насилно однесување на приватното обезбедување на земјиштето оградено со бодликава жица.

Премиерот Рама изјави дека земјиштето е во приватна сопственост и оти не е нарушено заштитеното подрачје. (МИА)

Поврзани содржини

Инфлацијата во Бугарија се искачи на 7,0 проценти, највисока во последните 33 месеци

1 јуни 2026

Бајрактар: Турција и Русија преговараат за нови испораки на гас по 2026 година

1 јуни 2026

Почина вдовицата на Халид Бешлиќ

1 јуни 2026
НАЈНОВО

Нервоза кај олигарсите на Орбан. Унгарија ќе воведува данок на богатство

2 јуни 2026

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни почести пречекана во Братислава

2 јуни 2026

Дубаи за џабе: Не плаќате сместување, парите ги трошите на спа-центри и ресторани

2 јуни 2026

Албанското специјално обвинителство отвори истрага за проектот поврзан со зетот на Трамп

2 јуни 2026

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.