Трамвај што сообраќал низ белградската населба Дорќол во Белград излетал од шините и удрил во зграда во близина.
Според српските медиуми, кабината на трамвајот била целосно згмечена, а од ударот се исфрлени и некои седишта.
Според првичните информации, има најмалку шест повредени лица чиј степен на повреда засега е непознат, а меѓу нив има и дете.
Трамвајскиот сообраќај во овој дел од градот е прекинат, а причината за несреќата е непозната.
Силниот судир предизвикал голема материјална штета на трамвајот, но и на фасадата на зградата во која удрил.
Екипи на брза помош, полиција и противпожарна служба се на местото на настанот.

