Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

(ВИДЕО) СДСМ: Ова се лагите на Христијан Мицкоски

25 мај 2026

Туризмот годинава почна добро за Грција: За три месеци 38 отсто повеќе повеќе гости и 64 отсто приходи

25 мај 2026

Голема акција во Италија: Кинеска банда пушти во оптек лажни монети од 2 евра, експертите шокирани од квалитетот

25 мај 2026

Герасимовски: Итна реакција на Општина Центар – обезбеден просторот и санкциониран инвеститорот

25 мај 2026

Телма: Осомничениот за „шпионскиот“ случај во кабинетот е пензионер кој претходно бил армиски специјалец

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Туризмот годинава почна добро за Грција: За три месеци 38 отсто повеќе повеќе гости и 64 отсто приходи

Press OnlineBy Press Online25 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во периодот од јануари до март годинава, бројот на туристи во Грција се зголемил за 38,3 отсто, додека пак приходот за земјата од туризам бележи пораст од 64,3 проценти, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во првите три месеци од 2026 година Грција ја посетиле 3,4 милиони туристи, наспроти 2,5 милиони во истиот период лани, а драстично се зголемени, за  84,3 отсто пристигнувањата преку копнените гранични премини, додека пак преку аеродромите има зголемување од 18,8 проценти. 

Од земјите-членки на ЕУ, Грција ја посетиле 1,8 милиони туристи (намалување од 51,5 отсто во споредба со истиот период лани), додека од останатите земји има зголемување за 26,2 проценти, достигнувајќи до 1,6 милиони посетители.

Во однос на приходите од туризмот, бележат раст од 64,3 отсто во споредба со истиот период во 2025 година, достигнувајќи 1,68 милиони евра, пораст што се должи како на зголемените приходи и од жители на земјите од ЕУ, кои пораснаа за 66,4 отсто (на 825,2 милиони евра), така и на зголемувањето на приходите од жители на останатите земји за 65,2 проценти кои изнесуваат 842,2 милиони евра.

Минатата година беше рекордна за грчкиот туризам со речиси 38 милиони туристи, за 5,6 отсто повеќе од 2024 година, а приходите за Грција од туризмот беа зголемени за 9,4 проценти и достигнаа 23,6 милијарди евра.

Поврзани содржини

Снимката на Бранко Коцкица како го гледа протестот во Белград стана вирална

25 мај 2026

Се зголемува бројот на измами со словенечки е-вињети, измамените остануваат и без пари и без вињета

25 мај 2026

Црна Гора попушта: „Нашиот пат кон ЕУ води преку Загреб“

25 мај 2026
НАЈНОВО

(ВИДЕО) СДСМ: Ова се лагите на Христијан Мицкоски

25 мај 2026

Туризмот годинава почна добро за Грција: За три месеци 38 отсто повеќе повеќе гости и 64 отсто приходи

25 мај 2026

Голема акција во Италија: Кинеска банда пушти во оптек лажни монети од 2 евра, експертите шокирани од квалитетот

25 мај 2026

Герасимовски: Итна реакција на Општина Центар – обезбеден просторот и санкциониран инвеститорот

25 мај 2026

Телма: Осомничениот за „шпионскиот“ случај во кабинетот е пензионер кој претходно бил армиски специјалец

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.