Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Исланд оди кон ЕУ или кон „Брегзит“ со референдумот?

27 мај 2026

Планот на Трамп за Балканот: Како американските приватни интереси ја изолираат Европа

27 мај 2026

Гаши го честита Курбан Бајрам: Обнова на највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит

27 мај 2026

Реновирањето на старата „Комерцијална банка“ при крај – еве кои институции ќе се сместат таму

27 мај 2026

Повеќе од 500 авиони на „Американ ерлајнс“ ќе бидат опремени со сателитски интернет од „Старлинк“

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Реновирањето на старата „Комерцијална банка“ при крај – еве кои институции ќе се сместат таму

Press OnlineBy Press Online27 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Директорот на СОЗР, Томовски посочи кои институции би биле сместени во овој објект, а кои во моментов плаќаат закупнина, со што ќе се заштедат пари, а ќе се обезбедат и подобри услови за вработените, во согласност со европските стандарди.



Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов дел и Бисер – е комплетно завршено, а во моментов се одвиваат активности во т.н. Стар дел, кои се очекува да бидат завршени во втората половина на јуни – рече директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во интервју за 4ТВ.

– Минимум два пати неделно одржуваме состаноци со проектанти, ревиденти, изведувачи и ние како инвеститори. Секојдневно сме на терен во самата Стара Комерцијална Банка. Овој објект се состои од три различни делови – Новиот дел, Бисер и Стар дел. Нов дел и Бисер се веќе комплетно готови, останува уште Стариот дел којшто моментално поставени се машинскиот дел, електро, подовите се поставуваат, вратите се менуваат. Рокот, којшто е последен, и после тој рок ќе почнеме да наплаќаме пенали или активирање на банкарска гаранција е 20 јуни. Сум разговарал и со изведувачот, тврди дека ќе го заврши до 20 јуни, а од надзорот исто така кажуваат дека е возможно работите да се завршат во тој рок – рече Томовски.

Директорот на СОЗР, Томовски во продолжение посочи и за размислувањата околу тоа кои институции би биле сместени во овој објект, а кои дел од нив моментално плаќаат закупнина, со што истовремено би се направиле и финансиски заштеди, како и обезбедување на соодветни простории за вработените согласно сите европски стандарди.

– Таму практично ќе внесеме повеќе институции. На следната Владина седница ќе ги одземеме од право на сопственост од сите институции и ќе ги прераспоредиме на ново. МИА ќе добие нови простории, Министерство за европски прашања, дел од Министерството за животна средина, само Инспекторатот којшто моментално е сместен во Државен завод за ревизија, размислуваме Лотарија на Македонија да ја сместиме тука, Второстепена комисија по жалби од работен однос, Национална агенција, Агенција за иселеништво. Ова се дел институции коишто ви ги кажувам коишто сега плаќаат закупнина и ние така би направиле заштеда – рече Томовски.

Тој вели дека при преселувањето ќе се внимава да се запазат стандардите за потребниот простор за вработените.

– Ако по правило одиме онака како што биле сместени овие институции во тој случај само МИА, Европски прашања и Второстепена треба да се вратат, другите да си останат каде што биле. И сега ние што правиме – ги фузираме, правиме рационализација, им даваме соодветни простории бидејќи по сите европски стандарди за еден вработен требаат од 4 до 6 квадратни метри, по таа формула идеме, пресметуваме и толку им доделуваме на институциите. Односно, да нема во една канцеларија од 50 квадрати еден вработен – рече Томовски (nezavisen.mk)



Поврзани содржини

Гаши го честита Курбан Бајрам: Обнова на највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит

27 мај 2026

Честитка од претседателката за Курбан бајрам: Само преку разбирање, различностите можат да бидат предност

27 мај 2026

Сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд

27 мај 2026
НАЈНОВО

Исланд оди кон ЕУ или кон „Брегзит“ со референдумот?

27 мај 2026

Планот на Трамп за Балканот: Како американските приватни интереси ја изолираат Европа

27 мај 2026

Гаши го честита Курбан Бајрам: Обнова на највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит

27 мај 2026

Реновирањето на старата „Комерцијална банка“ при крај – еве кои институции ќе се сместат таму

27 мај 2026

Повеќе од 500 авиони на „Американ ерлајнс“ ќе бидат опремени со сателитски интернет од „Старлинк“

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.