Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја преполови својата плата

27 мај 2026

Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27 мај 2026

Владика Петар излегува од работниот Синод на МПЦ-ОА, Наум влегува на негово место

27 мај 2026

Република Српска бара укинување на функцијата висок претставник на меѓународната заедница во БиХ

27 мај 2026

Одборот за мир на Трамп досега не добил ниту еден долар од донаторите

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Република Српска бара укинување на функцијата висок претставник на меѓународната заедница во БиХ

Press OnlineBy Press Online27 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Парламентот на Република Српска, една од двете ентитетски единици во Босна и Херцеговина, усвои декларација со која се бара итно укинување на функцијата на високиот претставник на меѓународната заедница во земјата.

Со Декларацијата предложена од претседателот на Парламентот Ненад Стевандиќ, Народното собрание на Република Српска упатува официјално барање до Советот за безбедност на ОН за донесување резолуција за прекин на мандатот на високиот претставник и затворање на таа институција.

Во документот се посочува дека според Дејтонскиот мировен договор, надлежностите на меѓународната заедница биле временски ограничени, но дека со текот на годините, според Парламентот, тие биле проширени преку т.н. „бонски овластувања“.

Парламентот го оспорува и легитимитетот на актуелниот висок претставник, Кристијан Шмит, тврдејќи дека неговото назначување не било потврдено од Советот за безбедност на ОН, што е спротивно договорниот режим.

Во заклучокот, се бара враќање на целосните надлежности на домашните институции согласно оригиналниот Дејтонски договор, со кој по војната во 1990-тите Босна и Херцеговина беше поделена на два ентитета со сложен систем на заеднички државни институции. 

Поврзани содржини

Радев во дипломатска офанзива, оди кај Макрон и во Брисел

27 мај 2026

Исчезнаа брат и сестра од Варна: Веќе два дена нема трага од Катерина (12) и Кирил (11)

27 мај 2026

Партијата на Ципрас се вика ЕЛАС, како армијата на движењето на отпорот од Втората светска војна

27 мај 2026
НАЈНОВО

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја преполови својата плата

27 мај 2026

Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27 мај 2026

Владика Петар излегува од работниот Синод на МПЦ-ОА, Наум влегува на негово место

27 мај 2026

Република Српска бара укинување на функцијата висок претставник на меѓународната заедница во БиХ

27 мај 2026

Одборот за мир на Трамп досега не добил ниту еден долар од донаторите

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.