Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација

27 мај 2026

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја преполови својата плата

27 мај 2026

Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27 мај 2026

Владика Петар излегува од работниот Синод на МПЦ-ОА, Наум влегува на негово место

27 мај 2026

Република Српска бара укинување на функцијата висок претставник на меѓународната заедница во БиХ

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес бара итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи

Press OnlineBy Press Online27 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, како заеднички претставник на лицата кои живеат со дијабетес во државата, подолг временски период укажува на потребата од подобрување на пристапот до редовни, навремени и континуирани специјалистички прегледи.



Редовните контроли претставуваат основен и неопходен дел од здравствената грижа за лицата со дијабетес, бидејќи преку нив се следи текот на болеста, се проценува здравствената состојба и се одредува соодветната терапија, неопходна за успешно секојдневно менаџирање на дијабетесот.

Подеднакво значајно е и навременото реализирање на прегледите за рано откривање, следење и третман на компликациите од дијабетесот, со цел обезбедување поквалитетен, подостоинствен и поздрав живот за пациентите.

 

Во таа насока, изразуваме сериозна загриженост поради ограничената достапност на специјалистички термини и упатуваме иницијатива за унапредување на постојните протоколи и процедури за закажување прегледи, како и за зголемување на достапноста на континуирана здравствена грижа за хронично болните пациенти.

Особено внимание заслужува фактот што околу 4.000 лица со дијабетес тип 1 своите контроли ги реализираат на Универзитетските клиники во Скопје — приближно 650 деца на Универзитетската клиника за детски болести и околу 3.550 пациенти на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања.

Дополнително, во голем број општини во државата постои недостаток на доктори специјалисти – дијабетолози, поради што значителен број пациенти се принудени да патуваат во други градови и регионални центри за да добијат здравствена услуга. Ова претставува дополнителен финансиски, организациски и психолошки товар за лицата со дијабетес и нивните семејства.

Потсетуваме дека Националната програма за дијабетес 2018–2028 како стратешки цели ги утврдува:

-поквалитетна и поефикасна превенција, рана детекција и подобрување на квалитетот на грижата и животот на пациентите со дијабетес мелитус преку подобра контрола на болеста и превенција на компликациите;

-редовно следење и контрола на резултатите од спроведените активности, како и подготовка на соодветни анализи и извештаи.

Овие цели се од исклучително значење за лицата со дијабетес, бидејќи директно ги адресираат приоритетите што здравствениот систем ги утврдил како обврска — превенција, рана детекција, редовно следење и контрола на резултатите, што е возможно за обезбедување на оптимизиран квалитет на живот, контрола на гликемии и редукација на хроничните компликации кај дијабетес преку контрола на сите кардиометаболни состојби.

Веруваме дека преку заедничка координација, институционална посветеност и партнерски пристап може да се изнајдат одржливи решенија кои ќе овозможат подобар, поконтинуиран и подостапен пристап до здравствена грижа за повеќе од 140.000 лица кои живеат со дијабетес во Македонија.

Здравствениот систем мора јасно да покаже дека превенцијата и навремената здравствена грижа претставуваат приоритет и основно право на пациентите, а не привилегија.

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија останува подготвен активно да учествува во процесот на креирање одржливи решенија, со учество на работна средба со Вас по термин во кој Вие можете да ја организирате. СЗДМ е целосно посветен партнерски дијалог со институциите, стручната јавност и сите релевантни чинители, со единствена цел — подобрување на квалитетот, достапноста и континуитетот на здравствената грижа за лицата со дијабетес.



Поврзани содржини

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација

27 мај 2026

Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27 мај 2026

Владика Петар излегува од работниот Синод на МПЦ-ОА, Наум влегува на негово место

27 мај 2026
НАЈНОВО

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација

27 мај 2026

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја преполови својата плата

27 мај 2026

Внимавајте како сте облечени кога одите по пасош или лична карта – МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27 мај 2026

Владика Петар излегува од работниот Синод на МПЦ-ОА, Наум влегува на негово место

27 мај 2026

Република Српска бара укинување на функцијата висок претставник на меѓународната заедница во БиХ

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.