Гватемала се согласи да спроведува заеднички воени операции со вооружените сили на САД на своја територија насочени против групите за трговија со дрога, објави денес „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на три извори запознаени со разговорите.
Според весникот „Њујорк“, Министерството за одбрана на САД планира да изврши притисок врз Хондурас да прифати сличен вид заедничка воена акција, како дел од пошироката стратегија на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која, како што е наведено, се обидува да го принуди Мексико да прифати заеднички операции против нарко-картелите.
Белата куќа, Стејт департментот, Пентагон, како и амбасадите на Гватемала и Хондурас во Соединетите Американски Држави не одговорија веднаш на прашањата за оваа информација.

