Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Многу замки околу „придружно членство“ за Украина

28 мај 2026

Жена нападната од партнерот среде ноќ во двор на болница

28 мај 2026

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка

28 мај 2026

Украина ќе купи 20 нови авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира постари модели

28 мај 2026

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

28 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Украина ќе купи 20 нови авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира постари модели

Press OnlineBy Press Online28 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Украина ќе купи 20 нови борбени авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира 16 од постариот тип следната година, изјавија украинскиот претседател Володимир Зеленски и шведскиот премиер Улф Кристерсон на денешната заедничка прес-конференција.

Двајцата лидери минатата година потпишаа писмо за намери што го отвора патот Шведска да и продаде на Украина до 150 борбени авиони од моделот „Сааб Грипен Е“, но испораките на поновиот модел се очекуваат за неколку години.

Авионите се приоритет за украинските воздухопловни сили, а министерот за одбрана Федоров во мај изјави дека договорот за авионите „Грипен Е“ би можел да биде потпишан „во рок од неколку месеци“ откако Европската унија го одобри заемот од 90 милијарди евра за Украина.

„Грипен е најдобриот и оптимален избор за Украина. Затоа, денеска го правиме следниот голем чекор во ова заедничко патување“, рече Кристерсон на прес-конференција со Зеленски во воздухопловната база во Упсала, каде што беа изложени два авиони „Грипен“.

„Ни требаат овие авиони и ова е навистина нова страница за Украина“, рече Зеленски, додавајќи дека планираат да ги купат сите 150 авиони предвидени во првичното писмо за намери. „Ако даде Бог, ќе имаме доволно пари за тоа“, рече тој.

Трансферот на постари модели C/D во меѓувреме обезбедува привремено решение за украинската воздушна одбрана.

Зеленски рече дека Украина за овој тип авион издвоила 2,5 милијарди евра од пакетот за заем на ЕУ од 90 милијарди евра. 

Се очекува новиот модел на авион да пристигне во Украина од 2030 година.

Шведска е еден од најголемите донатори на Украина и досега испратила воена и цивилна помош во вредност од 128 милијарди шведски круни (13,75 милијарди американски долари). Исто така, издвои 80 милијарди круни помош за оваа и следната година./МИА

Поврзани содржини

Многу замки околу „придружно членство“ за Украина

28 мај 2026

Токаев и Путин потпишаа договор за изградба на прва нуклеарна централа во Казахстан

28 мај 2026

Гватемала ќе напаѓа заедно со САД

28 мај 2026
НАЈНОВО

Многу замки околу „придружно членство“ за Украина

28 мај 2026

Жена нападната од партнерот среде ноќ во двор на болница

28 мај 2026

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка

28 мај 2026

Украина ќе купи 20 нови авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира постари модели

28 мај 2026

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

28 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.