Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Многу замки околу „придружно членство“ за Украина

28 мај 2026

Жена нападната од партнерот среде ноќ во двор на болница

28 мај 2026

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка

28 мај 2026

Украина ќе купи 20 нови авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира постари модели

28 мај 2026

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

28 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Кос: ЕУ треба да го промени системот за пристапување, но нема олабавување во основните принципи

Press OnlineBy Press Online28 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изјави дека Унијата мора да го промени системот за пристапување за да одговори на потребите на Украина.



. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Кос за денешен „Фајненшл тајмс“ оцени дека Брисел мора да биде иновативен, но, исто така, нагласи дека без оглед на евентуалната реформа на процесот на проширување, нема отстапка кога станува збор за основните принципи и стандарди поврзани со владеењето на правото, судската независност и корупцијата.

Таа преку весникот побара од земјите-членки брзо да постигнат договор за „различен систем“ за прием на нови членки, бидејќи Брисел стравува дека кандидатурата на Украина за членство ќе го преоптовари застарениот модел на пристапување.

Ригидниот, децениски стар пристап кон проширувањето во Брисел, што последен пат прими нова членка на ЕУ во 2013 година, е во конфликт со верувањето дека приемот на нови држави е геополитичка неопходност, особено во случајот со Киев, кој се бори против руската инвазија повеќе од четири години.

„Ако постои вистинско време за забрзување на проширувањето, тоа е сега“, изјави Кос за „Фајненшл тајмс“, додавајќи дека е време главните градови на ЕУ „да преминат од зборови на дела“.

-Не сум на оваа позиција за да управувам со статус кво, рече таа.

Интервенцијата на Марта Кос следеше по предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за воведување статус на „придружна членка“ за Украина, со бенефиции и интеграција што би биле помалку од полноправно членство, додека Киев спроведува правни реформи потребни за формален влез во ЕУ.

Овие идеи наидоа на поделени реакции меѓу другите земји-членки на ЕУ, но и во самата Украина. Претседателот Володимир Зеленски рече дека предлогот на Мерц е неправеден, бидејќи ќе ѝ дадеше на неговата земја право да учествува на состаноците на ЕУ без право на глас.

Запрашана од весникот дали Европската комисија го поддржува предлогот на Мерц, еврокомесарката рече „корисен е затоа што ни е потребна сериозна дебата. Ја поддржувам дебатата. Ова е една од идеите и е добар почеток за разговорот… Доведувањето на проширувањето до крај е тема за лидерите“, рече Кос, користејќи го германскиот збор „chefsache“.

„Не знам каде ќе води ова, но се согласувам дека мора да најдеме решение, нешто различно од она што го користиме денеска“, рече Кос, додавајќи дека лидерите на ЕУ со кои таа разговарала приватно ѝ рекле дека сакаат „комбинација од принцип базиран на заслуги… [и] повеќе можности за постепена интеграција“.

„Ако го направиме ова правилно, би можеле да изградиме силен континент способен да им се спротивстави на противниците кои сакаат да нè видат како пропаѓаме. Но, ако не го направиме тоа правилно, другите ќе се вмешаат и нема да се двоумат да ја искористат целата своја моќ против нас“, додаде таа.

„Ова е навистина многу повеќе од само проширување. Станува збор за нашата иднина. Затоа се надевам дека лидерите ќе го препознаат ова и ќе покажат решителност и единство во грижата за иднината на нашата Европска Унија“, рече Кос.

Кос ова го изјави за „Фајненшл тамјс“ пред состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Кипар, каде што главна тема е ставот на ЕУ кон Украина, Русија и војната. Тоа ќе ги обликува подготовките за самитот на лидерите на ЕУ во јуни.

Кос рече дека, без оглед на евентуалната реформа на процесот на проширување, „нема опуштање кога станува збор за основните принципи“, осврнувајќи се на клучните стандарди на ЕУ во области како што се владеењето на правото, независноста на судството и корупцијата. Сепак, додаде таа, Брисел мора да биде „иновативен“.

Кос оцени дека барањето на Зеленски Украина да се приклучи на ЕУ веќе следната година е невозможно, но дека имало позитивен ефект бидејќи донело итност во дебатата, и ја бранеше идејата за прилагодување на процесот на пристапување кон специфичната ситуација на Киев.

Словенечката комесарка, исто така, навести дека „вештачкото поврзување“ на процесот на пристапување на Украина и Молдавија би можело да заврши ова лето со отворање на формални преговори за двете земји.

„Ќе видиме кој ќе испорача резултати, кој ќе може да направи повеќе“, рече таа.

„Украина е едноставно премногу голема за да пропадне. Затоа заслужува посебно внимание“, рече Кос.

„Еден ден ќе имаме мир. Знаете, повеќе се плашам од тој ден (ако дојде пред да бидеме подготвени). Бидејќи тогаш ќе се постави прашањето: „Дали сме способни да испорачаме?“. Колку побрзо добиеме насоки (од лидерите), толку полесно ќе ни биде да се подготвиме“, додаде таа.



Поврзани содржини

Жена нападната од партнерот среде ноќ во двор на болница

28 мај 2026

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка

28 мај 2026

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

28 мај 2026
НАЈНОВО

Многу замки околу „придружно членство“ за Украина

28 мај 2026

Жена нападната од партнерот среде ноќ во двор на болница

28 мај 2026

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка

28 мај 2026

Украина ќе купи 20 нови авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира постари модели

28 мај 2026

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

28 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.