Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Многу замки околу „придружно членство“ за Украина

28 мај 2026

Жена нападната од партнерот среде ноќ во двор на болница

28 мај 2026

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка

28 мај 2026

Украина ќе купи 20 нови авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира постари модели

28 мај 2026

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

28 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Невреме ја зафати околината на Кочани – УХМР со предупредување за нестабилност со дожд, грмежи, ветер и град во други градови попладне

Press OnlineBy Press Online28 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нестабилното време денеска веќе се чувствува во одредени региони од државата, при што во околината на Кочани се регистрирани интензивни атмосферски процеси со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.



ВИДЕО

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека, според радарската слика, во Кочанскиот регион има појава на поизразени врнежи и електрична активност, што укажува на локална нестабилност.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и можат да преминат во невреме со обилен пороен дожд, силен ветер над 60 km/h и изолирана појава на град.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 24 до 34 степени.

Во Скопје, според мерењата, времето е променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Попладне се очекува нестабилност во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата изнесува околу 31°C, атмосферскиот притисок е 979 hPa, влажноста 44%, а ветерот дува со брзина од околу 5 m/s.

Од УХМР најавуваат дека утре и во сабота времето ќе биде постабилно со пониски дневни температури и умерен до засилен северен ветер. Од недела повторно се очекува пораст на температурите, со повремена попладневна нестабилност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер



Поврзани содржини

Жена нападната од партнерот среде ноќ во двор на болница

28 мај 2026

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка

28 мај 2026

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

28 мај 2026
НАЈНОВО

Многу замки околу „придружно членство“ за Украина

28 мај 2026

Жена нападната од партнерот среде ноќ во двор на болница

28 мај 2026

Перински: Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка

28 мај 2026

Украина ќе купи 20 нови авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира постари модели

28 мај 2026

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Северна Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

28 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.