Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски во Нови Сад на свечената академија „80 години од преселувањето на Македонците во Војводина“

30 мај 2026

Кузеска: Мицкоски знаел за државјанството на Груевски, затоа документите не се праќаат

30 мај 2026

„И Здравје и Работа“: Додека соседите чекорат напред во развој на рударството, Македонија не смее да остане заробена во статус кво

30 мај 2026

Новиот закон за пушење во вторник на владина седница, недоследна примена нема да се толерира

30 мај 2026

Уапсен насилникот кој ја тепаше и давеше сопругата среде Скопје, дома со нож им се заканувал на сопругата и ќерката

30 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски во Нови Сад на свечената академија „80 години од преселувањето на Македонците во Војводина“

Press OnlineBy Press Online30 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Во Нови Сад попладнево со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години од преселувањето на Македонците во Војводина“.

На свечената академија ќе се обратат премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, претседателот на Владата на Србија, Ѓуро Мацут, претседателката на Покраинската влада на Војводина, Маја Гојковиќ, како и претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија, Зорица Митровиќ.

На 25 мај, премиерот на Србија, Мацут, во Белград одржа разговори со претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците на македонското малцинство. Како што тогаш соопшти Владата на Србија, тој изјавил дека Србија и Северна Македонија се братски и пријателски земји, насочени кон соработка, меѓусебно почитување и заеднички просперитет.

„Националните малцинства се вистинско богатство на оваа држава, со кое се гордееме“, изјави Мацут, додавајќи дека почитувањето на различностите и еднаквоста на сите граѓани е темел на здраво и напредно општество.

На средбата, на која присуствувал и амбасадорот на Република Северна Македонија во Србија, Никола Тупанчевски, било разговарано и за денешната годишнина што ќе се одбележи во Нови Сад – 80 години од преселувањето на Македонците во Војводина.

Извор: mk.tv21.tv



Поврзани содржини

Кузеска: Мицкоски знаел за државјанството на Груевски, затоа документите не се праќаат

30 мај 2026

„И Здравје и Работа“: Додека соседите чекорат напред во развој на рударството, Македонија не смее да остане заробена во статус кво

30 мај 2026

Новиот закон за пушење во вторник на владина седница, недоследна примена нема да се толерира

30 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски во Нови Сад на свечената академија „80 години од преселувањето на Македонците во Војводина“

30 мај 2026

Кузеска: Мицкоски знаел за државјанството на Груевски, затоа документите не се праќаат

30 мај 2026

„И Здравје и Работа“: Додека соседите чекорат напред во развој на рударството, Македонија не смее да остане заробена во статус кво

30 мај 2026

Новиот закон за пушење во вторник на владина седница, недоследна примена нема да се толерира

30 мај 2026

Уапсен насилникот кој ја тепаше и давеше сопругата среде Скопје, дома со нож им се заканувал на сопругата и ќерката

30 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.